Royal Park Apartments 4*

151

Хотелот Royal Park & Spa е лоциран на 1.2 км гондолата или на само неколку миниту со бесплатниот транспорт кој го нуди за госисте и на 1.5 км од центарот на Банско. Гостите на хотелот може да уживаат во прекрасната панорамска гледка над планината Пирин, да се релаксираат во големиот Спа центар и да уживаат во бугарска и меѓународна кујна. За гостите е на располагање и бесплатен паркинг пред хотелот.

Хотелот е составен од хотелски и апартмански дел. Хотелскиот дел се состои од двокреветни соби и фамилијарни соби. Апартманскиот дел се состои од студиа и фамилијарни апартмани. Спа центарот се наоѓа во хотелскиот дел, а апартманскиот дел не е поврзан со топла врска со спа центарот, односно гостите кои се сместени во апартманскиот дел го користат спа центарот на хотелот.

Сите соби се опремени со бесплатен Wi-FI интернет, телевизор со LCD екран, минибар и модерно купатило со туш кабина. Распространети во 5 згради сите соби имаат тераса со поглед кон градот и кон планината.

Спа центарот се наоѓа во основната зграда и располага со: сауна, базен, релакс зона, парна бања и фитнес кои се бесплатни за гостите.