06.12.2024 – Планирано поаѓање во 18:00 часот од Битола спортска сала. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
07.12.2024 –По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). Во предпладневните часови се пристигнува во Сараево каде прво се сместуваме во Хотел. Во договорено време со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн…По разгледите се врќаме во хотел. Патниците кои не сакаат да се враќаат во хотел со автобус имаат слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
08.12.2024- Појадок. – По појадокот се оди према Мостар (факултатива).
Прво се упатуваме кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. По разгледите продолжуваме кон МОСТАР. Како град претставува административен центар на кантонот Херцеговина и е изграден покрај реката Неретва. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва. Ќе имате можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар но и на Босна и Херцеговина. Во договорено време со водичот со групата се враќаме назад во Сараево. Ноќевање.
09.12.2024 – По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.
По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево.
Откако ќе се собере цела група продолжуваме према Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Промо Цена – 109 еу за резервации до 15.11.2024. Редовна Цена – 129 ЕУ
- Деца од 0-03 години – бесплатно
- Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
Во цената е вклучено
- Сместување во хотел 3* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
- Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
- Tуристички придружник за време на целото патување
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Вишеград
- Посета на Андричград
Во цената не е вклучено
- Патничко осигурување (Информации во агенција)
- Туристичка такса 1,5 евра по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус
ФАКУЛТАТИВА МОСТАР – БЛАГАЈ – 55 ЕУ (со локален водич)
БОСАНСКИ ПИРАМИДИ – 25 еу (превоз+влезница+водич)
Крстарење по Дрина во Вишеград – 10 ЕУ
ВАЖНО !!!
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.За факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта и пасош РСМ.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на некоја од факултативите поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот или ке бидат заменети за друга факултатива.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).