Сараево и Мостар за 8 Септември

1123

                                         САРАЕВО – МОСТАР

07.09.2023  – Состанок на група во 18:00, поаѓање во 18:30 од Битола спортска сала. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.

08.09.2023 –Во утринските часови се пристигнува во САРАЕВО каде прво се сместуваме во Хотел. Во договорено време со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн…Со патниците кои ќе доаѓаат на факултатива продолжуваме кон Тунел Спаса (неизбежна туристичка атракција на градот, музеј во кој се зачувани бројни експонати од време на опсадата на Сараево) како и  разглед до Врело Босне, едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево покрај Илиџа. Слободно време за кафенце покрај изворите на реката Босна. По разгледите се врќаме во градот. Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.

09.09.2023-  Појадок. По појадокот се оди према Мостар (факултатива), имаме околу час и половина за возење. Попатно застанување за фотографирање во Јабланица (мостот кај ‘битката на Неретва’). Па се упатуваме кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. По разгледите продолжуваме кон МОСТАР. Како град претставува административен центар на кантонот Херцеговина и е изграден покрај реката Неретва. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва. Ќе имате можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар но и на Босна и Херцеговина. Во договорено време со водичот со групата се враќаме назад во Сараево. Слободно време за прошетки во некој од трговските центри, искачување на највисокиот облакодер во БИХ – Аваз твист кулата или на Башчаршија. Ноќевање.

10.09.2023 – По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.

По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево.

Откако ќе се собере цела група продолжуваме. На околу 20 км пред границата со Р.Србија ќе пристигнеме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). Прекрасен град каде туристите ќе имаат прилика да крстарат по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. По разгледите поаѓање према Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Промо Цена – 119евра за резервации и целосни уплати до 20.08.2023
Редовна цена – 139евра

Во цената е вклучено

  • Сместување во хотел 3* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
  • Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Велес,Скопје,Куманово)
  • Tуристички придружник за време на целото патување
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Посета на Вишеград
  • Посета на Андричград

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување (Информации во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра која се плаќа задолжително во автобус

ФАКУЛТАТИВА – 55 евра пакет

  • Босански пакет  (Посета на Тунел Спаса, Врело Буне, Јабланица, Мостар, Врело Босне)
  • Факултатива БОСАНСКИ ПИРАМИДИ – 25евра
  • Крстарење по Дрина во Вишеград – 10евра