Сараево за 23-ти октомври

1507

После долгата пауза, повторно имаме прилика за непречен влез во Босна и Херцеговина, без ПЦР тест.

Со огромно задоволствто ја објавуваме нашата програма за 23-ти октомври. Искористете го продолжениот викенд за посета на бисерот на Балканот, Сараево, кој заслужува да биде виден, а покрај главниот град на оваа прекрасна планинска земја, во програмата ги имаме и Мостар, Јабланица, Посета на бункерот на Тито, Тунелот на надежта и Вишеград!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 79 евра по лице, редовна цена 99 евра
Организиран трансфер БИТОЛА, ПРИЛЕП, КАВАДАРЦИ
ТЕРМИН: 22.10-15.10
Телефон: 070/338-870

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Сараево – Вишеград – Скопје
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организиран трансфер Битола, Прилел и Кавадарци
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Придружник од агенција
  • Посета на Вишеград со посета на Андричград ( Градот на Иво Андриќ )

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Босанскиот пакет – 55 евра по лице (Се плаќа во автобус а се резервира во агенција) Станува збор за целодневна прошетка, резервацијата се прави во агенција од причина што е потребна за пред резервацација за посета во локалитетите, пакетот се плаќа во автобус
    Во Босанскиот пакет влегува (Посета на тунелот на надежта со локален водич, посета на бункерот на Тито во местото Коњиц со локален водич, посета на Јабланица и  градот Мостар разглед  со локален водич)
  • Задолжителна доплата од 2е по лице за туристичка такса ( Се плаќа во автобус
  • Крстарење по Дрина во Вишеград – /
  • Ноќна посета на Сараево со посета на најстарата пивница- 5е (Се плаќа во автобус)
  • Доплата за трансфер од Кочани и Штип (500 денари во два правци од лице)

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Србија
  • За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН- Скопје – Сараево (22.10.2020)
Авантурата започнува на паркингот пред Вип Хотел во 20:00 часот. По сместувањето во автобус, групата се упатува кон Босна и Херцеговина. Патувањето е во текот на ноќта, со попатни застанувања. Истото се реализира преку Република Србија.

ВТОР ДЕН- Сараево – ( 23.10.2020 )
Пристигнување во раните утринки часови во Сараево и се упатуваме кон хотелот, каде имате време за одмор со топло босанско кафе, чај или благо. Сместувањето е во хотел со 3*. Влегување во собите е предвидено по 14:00 часот, а во меѓувреме, патниците може да ја променат гардеробата во просториите на хотелот, кадешто воедно се оставаат куферите. По кратка пауза се упатуваме на разглед во Сараево со локален водич. По разгледот групата ќе има слободно време за индивидуални прошетки околу 3 часа. Во вечерните часови се враќа групата во хотел. Ноќевање

TРЕТ ДЕН- Тунелот на надежта – Посета на бункерот на Тито – Јабланица – Мостар – Сараево ( 24.10.2020 )
По појадокот, групата се упатува на целодневна екскурзија. Првото место за посета води до тунелот на надежта . Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак, тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. По посетата на Тунелот групата го посетува  бункерот на Јосип Броз Тито во местото Коњиц со локален водич. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложувал во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнале првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија По посетата на бункерот, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица слободно време околу 40 минути за кафе и можност кој сака да го посети музејот  “ Bitkaza Ranjenike na Neretvi “. Од Јабланица продолжуваме кон Мостар. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост кој е симбол на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански “чевапи”.

Враќање во хотел. Пауза од 1 час и заминување на факултативна ноќна прошетка во Сараево со посета на најстарата пивница. Во Сараево слободно време до 12:00ч а пoтоа враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТ ДЕН- Сараево – Вишеград – Скопје (25.10.2020)
По појадокот, се упатуваме кон Вишеград. Вишеград е првиот град после граничниот премин со Република Српска и самото име кажува дека етимилошки потекнува од неговата местоположба Најзначајно обележје во овој град е мостот на Дрина или на Дрини Чуприја, изграден по наредба од мехмед паша соколовиќ кој бил земен како данок во крв на 15-16 годишна возраст. Тој мост порано бил дрвен мост а е овој каменито изграден и тоа изграден од малтер на јајца. Кожји влакна и прашина ( така викаат легендите )
Се верува дека архитектот на мостот, постојано му се рушел и некој хоџа му рекол дека треба да соѕидаат близнаци машко и женско и после неколку недели архитектот ги наоѓа Стоја и Остоја и ги соѕидова оставајки на средниот носач празна тула да мајката можи да ги дои своите деца. Нобеловецот Иво Андриќ ја добива нобеловата награда за делото мостот на Дрина и во Вишеград гради, Библиотеки, училишта уложува во местото. Ноќно возење и пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 26.10.2020

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 5 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.