Селианитика – Пелопонез лето 2021

885
За прв пат на македонскиот пазар, ви претставуваме нова летна и ултра евтина дестинација – ЛОНГОС – (Селианитика) Пелопонез – Грција. Туристичката агенција Го Травел секогаш се труди да понуди нешто ново на нашиот пазар, па затоа овој пат одлучивме да презентираме сосема нова дестинација за Вашиот летен одмор, прекрасното место Лонгос, мало шармантно место идеално за вистински одмор.
Местото Лонгос (дел наречен Селианитика) се наоѓа на Коринтскиот залив и претставува спој на Јонско и Егејско море, но сепак е поблиску до Јонското. На оддалеченост од 640 километри од Скопје, пристигнувате на полуостровот Пелопонез, а местото Лонгос се наоѓа на северниот дел и е место кое е населено во текот на целата година. Задскриено место на почетокот на Коринтскиот залив, опкружено со планини, се наоѓа измеѓу два поголеми градови Патра (36км) и Егија. Со градот Патра е поврзан со редовна градска автобуска линија која е оддалечена на 10 минути од вилата.
ИНФОРМАЦИИ за Селианитика:
  • Плажата е полупесочна со ситни камчиња
  • Лежалките се секаде бесплатни со еден пијалок
  • Голем супермаркет
  • Помала пиљара
  • Три пекари
  • Три месари
  • Слаткарница
  • Кафулиња, ресторани, таверни – Крај обалата можете да најдете таверни и кафулиња кои се за околу 20% поевтини од Халкидики – кафе околу 2,50евра, гиро и суфлаки околу 2,20 евра.
  • На плажите има барови кои работат во текот на денот, а преку ноќта се ресторани со барови и жива музика или диџеи.
  • Во јули и август има кино на отворено
  • Луна Парк

ВИЛА НИМФА – 30 метри од плажа – ЛОНГОС (Селианитика)

Вилата НИМФА е оддалечена на 30 метри од плажата, со прекрасно уреден двор опколен со дрва од лимон. Вилата има капацитет од три соби и е комплетно реновирана во 2020 година, како и вифи интернет со добро опремена кујна, телевизор и приватен паркинг.

КАПАЦИТЕТ: 

  • 1 студио со брачен кревет и уште два класични кревети (вкупно за четири лица) на високо приземје
  • 1 студио со брачен кревет и два класични кревети (за четири лица) со потесна тераса во облик на буквата “L” со мал поглед на море и се наоѓа на спрат
  • 1 едноспален апартман со брачен кревет и два класични кревети (за четири лица) на спрат со потесна тераса

ВИЛА АРТЕМИДА – 30м од плажа – Лонгос (Селианитика)

Вила Артемида се наоѓа во средината на Лонгос и е оддалечена 30 метри од морето и од првиот снек бар со лежалки и има приватен парикинг. Собите имаат комплетно опремена кујна со тераса и бесплатен вифи, како и сопствен тоалет со туш.

КАПАЦИТЕТ:

  • 4 четворокреветни студија (доплата за клима 5евра, кујна, тв и интернет), три соби се наоѓаат на првиот кат, додека четвртата е на втор. Собите располагаат со брачен кревет и два класични кревета на спрат

ЦЕНОВНИК ЗА 9 НОЌЕВАЊА, ЦЕНИТЕ ВАЖАТ СО УПЛАТА ДО 15.04
РЕЗЕРВИРАЈ БЕЗ РИЗИК – ВАЖАТ ВАУЧЕРИТЕ ИЗДАДЕНИ ОД ГО ТРАВЕЛ
*Можност самите да одберете датум и денови на престој – минимум три ноќевања!

9 ноќи  Вила Нимфа Вила Артемида
Термин Тип соба Редовна по соба попуст Тип соба Редовна по соба попуст
24.05-02.06 1/4 280€ 240€ 1/4 210€ 170€
02.06-11.06 1/4 300€ 260€ 1/4 230€ 190€
11.06-20.06 1/4 320€ 280€ 1/4 250€ 210€
20.06-29.06 1/4 330€ 300€ 1/4 260€ 230€
29.06-08.07 1/4 350€ 320€ 1/4 280€ 250€
08.07-17.07 1/4 360€ 330€ 1/4 290€ 260€

17.07-26.07
1/4
370€ 340€ 1/4  300€ 270€

26.07-04.08
1/4 380€ 350€  1/4 310€ 280€

04.08-13.08
1/4
400€ 370€ 1/4 330€ 300€

13.08-22.08
1/4 410€ 380€  1/4 340€ 310€

22.08-31.08
1/4 410€ 380€  1/4 340€ 310€

31.08-09.09
1/4 410€ 380€  1/4 340€ 310€

09.09-18.09
1/4 400€ 370€ 1/4 340€ 300€


*Се што е обележано со црвено е распродадено

ВАЖНО:

  • Согласно моменталниот став на Република Грција за патување за време на летото, агенцијата Го Травел одлучи да го подели ризикот и трошоците за тестирање на патниците, така што ќе можат да уживаат во својата омилена дестинација. Го Травел покрива половина од износот на тестот, а останата половина ја покрива патникот!
  • Оние кои ќе бидат вакцинирани со одобрена вакцина од Република Грција треба да ни достават потврда дека ја имаат и немаат трошоци за тест.
  • Оние кои имаат доказ за антитела исто така треба да ги приложат и немаат дополнителни трошоци за тест
НАПОМЕНИ:
  • Цените се однесуваат за наем на соба (студио) за 9ноќевања
  • Понудата важи за сопствен превоз (цена за автомобил за мостот РИО 13 евра во правец, додека пак со траект 5 евра во правец со возење од 10-15минути)
  • Цена за автобуски превоз 50евра по лице, деца до 3 години бесплатно, деца до 12 години 35 евра
  •  Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.
ПРЕДЛОЗИ за исполнет одмор

Се смета дека е вистинска привилегија да летувате на Пелопонез, бидејќи имате прилика да посетите бројни локалитети како што се древната Олимпија, Микена, Епидаурус, Спарта, Атина….
Преку нашата агенција и нашиот претставник на лице место ќе имате прилика и да одберете некој од овие факултативни излети

  • Крстарење по Коринтскиот залив со пауза за капење на островите Свети Јован и Тризони.
  • Посета на чуеното археолошко наоѓалиште Микена, еден од центрите на грчката цивилизација од втриот милениум пред нашата ера. Потоа посета на прекрасниот град Напфлион (поранешната престолнина на Грција по ослободувањето од турската доминација) и секако капење на блиска плажа).
  • Земјата на боговите, како што ја нарекувале античките Грци, Олимпија, колевка на најважните верски и атлетски центар на светот: Олимписките игри. По посетата можност за посета на една од најпознатите плажи на Пелопонез, Калогриа