Шопинг во Белград

227

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник.

Состанок на групата на Дрводекор во 01:45 часот,поаѓање во 02:00 часот.
Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Белград околу 09:00 часот наутро.

Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ центарот на Белград, улицата кнез Михајлова, Скадарлија,Калемегдан.
Во договорено време се упатуваме кон најголемиот шопинг центар Ушче каде што ќе можете да се подновите со ново парче облека или со подарок за вашите најблиски.
Поаѓање за Скопје во 17:00 часот, од паркингот пред шопинг центарот Ушче.

ЦЕНА: 1200 ДЕНАРИ

Термин:
– 21.02.2021 (недела)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

– Автобуски превоз на дадената релација

– Туристички придружник на патувањето

НАПОМЕНА:

– Се патува со лична карта или пасош
– За влез во Србија не е потребен PCR тест
– Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Го Травел