Солун е градот кој важи за еден од најубавите во цела Грција, а доказ за тоа е големиот број на прошетки кои ги прават нашите Македонци. Еден од најозборуваните градови во далечната историја кој во 20-тите години од минатиот век е целосно обновен. Голем број на улици, паркови, трговски центри, стари автентични куќи, сето ова прави Солун да е рамо до рамо со најпознатите светски метрополи. Минатото и сегашноста се судираат во градските таверни, ресторани, луксузни барови и клубови. Преполни улици и кафулиња, Солун е секогаш добра идеја, зарем не?
ТЕРМИН: СЕКОЈА САБОТА ВО МЕСЕЦ ОКТОМВРИ И НОЕМВРИ
ЦЕНА: 1000 денари по лице
ЦЕНА со вклучен тест: 1600 денари по лице
Програма:
ЕДНОДНЕВНА ШОПИНГ ТУРА ВО СОЛУН
- Состанок на групата во 03:15h. Поаѓање во 03:30h, од Дрводекор (спроти Holiday Inn). Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови околу 09:00h локално време. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на Солун.
- Во 14:00h локално време поаѓање од центарот на Солун кон Икеа.
- Од 15:00h локално време, слободно време за шопинг во Икеа и во Космос.
- Во 18:00h локално време поаѓање за Македонија. Попатна пауза за посета на Free Shop – 30минути.
- Пристигнување во Скопје околу 22:30 часот.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
– Автобуски превоз на дадена релација
– Посета на центарот на Солун
– Посета на Cosmos и IKEA
– Туристички придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
– Патничко осигурување
-
НАПОМЕНА:– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.– Согласно новите мерки за влез во Грција, сите патниците мора да поседуваат некој од следните документи: сертификат за извршена вакцинација, негативен ПЦР тест или негативен рапид антигенски тест
– Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест.
– За патниците кои не се вакцинирани, имаме организирано групно тестирање и за тестот се доплаќа 600 ден.– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ГО ТРАВЕЛ