Што треба да знаете пред да отпатувате во Италија?

3403

Ако досега не сте биле во Италија, патувањето во оваа земја со сигурност ќе ви биде незаборавно искуство кое ќе го паметите секогаш

Секако, пред да тргнете на пат треба малку да истражите. Покрај тоа што е во прашање прекрасна земја со многу идилични села, недопрени предели и многу љубезни луѓе, треба да имате на ум неколку работи.

Coperto“ е дел од сметката

Кога во ресторан после совршено вкусен ручек ќе ви донесат сметка, немојте веднаш да помислите дека сте измамени. Ќе забележите дека имате дополнителен трошок на вашата сметка и ќе ја видите ставката „coperto“ или „servizio“ што во Италија е ознака за бакшиш. Врз основа на бројот на луѓето, напојницата се додава на сметката, а може да изнесува од 1 до 5 евра по лице. На масата секогаш ќе имате работи како леб и пецива, кое секако е вклучено дополнително во сметката.

Ќе посакате да живеете како Италијан

Италијаните имаат поприлично поинакво темпо на живот од нас. Нивните продавници и музеи се затвораат во сред ден, така што сите можат да се опуштат и уживаат во попладневниот одмор. Една од причините за тоа е што температурите за време на летото го достигнуваат својот врв и тогаш е претопло за работа или да се биде излезен надвор. За да сте сигурни дека ќе имате се што ви е потребно од супермаркет треба да го направите тоа пред паузата попладне. Од друга страна пак, потоа маркетите работат до доцна. Бидете подготвени да платите користење на јавен тоалет, бидејќи обично не се бесплатни. Да се живее како Италијанец, значи да се навикнете на начинот на кој тие живеат. Често се многу поопуштени во поглед на рокови и работи кои треба да се завршат, иако е присутен голем ентузијазам.

Putovanje vozom u Italiji je zapravo daleko jednostavnije nego što biste pomislili

Научете неколку клучни зборови

Италијаните ретко кога зборуваат англиски, а и кога го зборуваат едвај се разбираат со туристите. Затоа не е на одмет да се научат неколку основни италијански фрази како: grazie (фала), grazie mille (фала многу), per favore (ве молам), si (да), no (не), prego (повелете), buon giorno (добар ден), buona notte (добра ноќ), arrivederci (до видување), non capisco (не разбирам), io parlo inglese (зборувам англиски).

Градови кои се разликуваат

Многу е тешко да се одбере што да се посети во Италија. Венеција е прекрасна и можете да ја прошетате со романтична гондола, но тоа е и една од најскапите туристички дестинации на светот. Рим нуди многу историја, но и големи гужви и е полн со туристички замки. Милано е прекрасен град, познат по модата.

Немојте да очекувате перфектна ви фи конекција

WiFi-то во Италија нема да одговара на вашите вообичаени стандарди. Можеби ќе ве изненади податокот дека 30% од Италијаните немаат користено интернет. Каде и да престојувате, немојте да се надевате на брз интернет. Italijani imaju poprilično drugačiji tempo života od nas. Njihove prodavnice i muzeji zatvaraju se sredinom dana, tako da svako može da se opusti i uživa u popodnevnom odmoru

Култура на кафе

Во Италија секако немојте да очекувате Starbucks и големи светски ланци на кафетерии. Наместо нив, појдете во малите кафетерии и уживајте во вистинско италијанско кафе.

Внимавајте да не ве ограбат

Многу туристи пред да отпатуваат во Италија купуваат паричник со појас. Иако тоа е доста практично, сепак во големите градови како Рим секако чувајте копија од вашите кредитни картички, како и документи, во случај да останете без оригиналот. Никогаш немојте со вас да ги носите сите пари, дел оставете во вашето сместување. На овој начин ќе ја зголемите безбедноста, доколку сте во друга држава и ве ограбат.