Скопје-Битола-Пелистер-Крушево

166

Прекрасна тура со посета на југозападна Македонија. Посета на Хераклеја, Битола, Пелистер и Крушево. Искористете го ваучерот и уживајте во убавините на нашата земја!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.000 МКД ПО ЛИЦЕ

ТЕРМИНИ: 05.09 – 06.09 и 12.09 – 13.09

Информации и резервации на 070/338-870

Може да се изврши плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА

1 ден сабота

Поаѓање во 07:00 од паркингот пред хотел Вип ( собирање на група 06:45)

Околу 9 часот посета на локалитетот Хераклеја Линкестис – 4 век п. н. е. Ова е еден од трите стратешки најважни градови покрај кои поминувала Виа Игнација и во римскиот период ја достигнуваат својата експанзија.

Пешачка тура низ Битола со водич. Посета на црква св. Димитрија, Саат Кулата, Јени Џамија, Исак Џамија, Стариот базар, Безистенот. Сите овие места ќе ги видиме со прошетка по познатиот Широк Сокак. Битола, градот на конзулите ќе ве воодушеви со убавина и гостопримство.

Сместување во хотел Молика, Пелистер. Вечера и ноќевање

2 ден недела

Појадок.

Слободно време за посета на националниот парк Пелистер кој зафаќа 17.150 хектари- надморска височина од 927 до 2601м. Изобилува со уникатна природа и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови. Слободно време за да се видат и доживеат убавините на планината Баба и Пелистер. На располагање ни стоојат бројни пешачки патеки: детската, историската, по камењата…

Потоа се упатуваме кон Крушево. Градот на Републиката, градот на Македониумот, градот на Тоше. Заедничка прошетка и слободно време. Тргнување за Скопје во попладневните часови

Понудата вклучува:

  • 1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во хотел Молика, Пелистер
  • посета на локалитетот Хераклеја Линкестис
  • пешачка тура со водич низ Битола
  • посета на Национален Парк Пелистер
  • посета на Крушево
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:

• влезници за културно историски споменици

• индивидуални трошоци

Цена:3000 денари од лице

Може да се изврши плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА