Скопје-Старо Нагоричане-Крива Паланка-Кратово-Лесново

244

Кратово е лоциран во североисточниот регион на Република Македонија и е сместено во југозападното подножје на Осоговските Планини во долината на Кратовска Река, лева притока на Крива Река. Со едноставна комуникативна врска Кратово на северозапад се поврзува со Куманово и Крива Паланка, а на југ со Пробиштип. Денес општина Кратово е административно- управен, просветен и здравствен центар во своето гравитациско подрачје, има околу 7.000 жители, а во стопанството водечка улога имаат рударството и индустријата.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.000 денари ПО ЛИЦЕ (може да се искористи ваучерот Дома си е дома)

ТЕРМИНИ: 05.09 – 06.09 и 12.09 – 13.09

070/338-870

Понудата вклучува:

  • 1 ноќевање со појадок , ручек и вечера во хотел во Кратис во Кратово
  • посета на Св.Ѓорѓи, старо Нагоричане
  • посета на Св.Јоаким Осоговски
  • пешачка тура низ Кратово со лиценциран туристички водич
  • посета на Лесновски манастир
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:

  • влезници за културно историски споменици
  • индивидуални трошоци

Може да се изврши плаќање со ваучерот ДОМА СИ Е ДОМА!

1 ден сабота

Поаѓање во 07:00 од паркингот пред хотел Вип (собирање на група 06:45).

Прва посета на црквата Св.Ѓорѓи црква од среден век во Старо Нагоричане. Оваа црква е позната по својата големина и импозантна градба, одлично зачуваните фрески, камениот иконостас и положбата на иконите во него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчински кој е во непосредна близина на самата црква. ( задржување околу 40 минути).

По посетата групата продолжува кон Крива Паланка во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски. Овој манастир е стар повеќе од 1000 години и е посветен на чудотворец Јоаким Осоговски., овде се наоѓаат моштите на светецот.( задржување околу 2 часа). По посетата групата се упатува кон Кратово.

Прво се сместуваме во хотел и започнуваме со ручек. Во попладневните часови се упатуваме на пешачка тура за разглед на мостовите, кулите и црквата Св.Ѓорѓи. Кратово како еден од најстарите градови на Балканот е сместен во грлото на изгаснат вулкан, а од таму доаѓа и самото име на градот. Овде ќе ја слушнете приказната за мостот на Рада и други легенди за местото.

Вечера. Ноќевање.

2 ден недела

Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот и се упатува кон Лесновски манастир. Посета на манастирот ( задржување околу 1 час).