МЕСТОПОЛОЖБА: МПМ Спорт има совршена местоположба за љубителите на зимските спортови, се наоѓа на само 100 метри од почетната станица на кабинскиот лифт во Банско и во непосредна близина (300 метри) на главните градски места за забава и атракции. На рецепцијата в МПМ Хотел Спорт може да се купат лифт карти за ски зоната на Банско. Хотелот е изграден во 2010 година.
СМЕСТУВАЊЕ: 5 ката, 2 лифта, 46 двокреветни соби (до 2+1/3 лица, 30 м2), 15 студиа (пространа соба, максимум 2+2/3 лица, 45 м2), 15 студија (пространа соба, максимум 2+2/3 лица, 45 м2), 23 апартмани со 1 спална соба (максимум 2+2 / 4 лица, 55 м2). Во собите: две одделни или едно француско легло, централно греење, ТВ, мини-бар, телефон, Wi-Fi бесплатно, бања со туш/када, фен за коса, балкон, килим, чистење – секој ден, промена на постелнина – 2 пати неделно, крпи – 2 пати неделно. Апартмани: дневна соба и спална со француско легло.
СОДРЖИНИ: сеф на рецепција (со доплата), менувачница, room service, лоби бар, ресторан, ЈУНИК СПОРТ a la carte ресторан, рентање на скии и ски опрема, банкомат, перална (со доплата), надворешен паркинг (бесплатно) и затоплена гаража (со доплата).
SPA ЦЕНТАР – БЕСПЛАТНО: пловен затворен базен, сауна, парна бања, римска бања, надворешно топло џакузи. Салон за убавина со масажи и разновидни третмани (со доплата).
ЗАБЕЛЕШКА: хотелот не дозволува престој на домашни миленици.