Уживањето и радоста од патувањето се едни од најубавите. Запознавање нови култури, земји, традиции, дестинации е еден од најубавите начини да се искуси животот. Но, секогаш треба да се биде претпазлив каде и во која земја се патува. Ви ги претставуваме десетте најопасни држави за патување.
- Украина
Конфликтот помеѓу Украина и Русија трае со години. Воените сили се вклучени во конфликт, а не ретко и граѓаните. Затоа внимавајте каде се движите и бидете подготвени на се.
- Египет
Пред неколку години и Египет стана опасно место за посета исто така поради воените закани. Терористички групи и закани за напад секогаш постојат.
- Хондурас
Хондурас се наоѓа во Централна Америка и е навистина прекрасна земја, но не е се така розово. Хондурас ги има едни од најголемите рангирања по убиства во светот и е познато по криминалните дејства.
- Кенија
Руралниот дел на Кенија е дом на многу терористи. Често има напади, бомби и стрелања. Градовите обично се поштедени, но што е сигурно, сигурно. Најлошо време за посета е за време на избори, кога низ градовите има насилни протести.
- Ел Салвадор
Дом на прекрасни планини, но и на насилни банди. Тука има пријавено киднапирања по национални паркови и јавни места. Земјата пати од граѓанска војна со години и никако не може да се опорави.
- Колумбија
Серијата „Наркос“ е популарна поради вистински настани. Колумбија е земја на трговија со дрога, политичка корупција и насилен криминал повеќе од 4 децении. Организираниот криминал е силна гранка на државата, и се додека ова е сликата за земјата, не се препорачува да се патува тука.
- Венецуела
Постојаната промена на политичката атмосфера е навистина страшна и Венецуела постојано се бори. Објавите во светот се се почести, како и протестите. Економската криза расте, а со тоа и тензијата.
- Јемен
Како и повеќето држави на овој список, Јемен исто така е дом на многу терористички групи. Бунтовнички групи ги напаѓаа европските и американските граѓани поради политички причини.
- Нигерија
Сте слушнале за Боко Харам? Тоа е терористичка група која дивее во земјата со години. Меѓу другото има несигурен и неразвиен транспорт, па затоа има големи предупредувања за патувања во Нигерија.
- Пакистан
Пакистанската влада и интелегенција имаат долга историја против американската влада. Тука има терористички кампови за вежби, како и ИСИС и Талибанците. Затоа комплетно избегнувајте го овој регион.