ВИЕНА за Нова година

1465

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  9.190 денари, 8.590 денари за УПЛАТА во целост до 10.11.2018 !!!
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : 

  • Автобуски превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас…) на горенаведената релација,
  • разглед на Виена со стручен водич,
  • 2 НП во хотел со 3* во околина на Виена (OEKOTEL-Traiskirchen, www.oekotel.com; ),
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице).

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВИТЕ:

  • ВИЕНА : Замокот Шенбрун – 25 € по лице – влезница со водич (препорака),
  • Дунавската кула – 15 € по лице (препорака)

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

1 ДЕН (29.12.’18 – сабота): БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 12.00 часот. Поаѓање за Австрија во 12.30 часот…патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Будимпешта…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (30.12.’18 – недела): ВИЕНА Пристигнување во Виена во утринските часови…разглед на градот со стручен водич… Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)… факултативна посета на Дунавската кула – висока 252 м. (терасата се наоѓа на 150 м. висина), од каде се пружа спектакуларен поглед на цел град, ракавците на Дунав, се до Словачка…сместување во хотел во касните попладневни часови. Вечерта – можност за ноќна прошетка низ Виена, разглед на градот, кој е прекрасно украсен воочи дочекот на најлудата ноќ…Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.’18 – понеделник): ВИЕНА Појадок. По појадокот – заминување во еден од најголемите трговски центри SCS Shopping Center (преку 300 продавници и бутици)…слободно време за шопинг. Во попладневните часови – заминување за Виена, слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг на позната шопинг улица Mariahilfer strasse…враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време за одмор. Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2019.ГОДИНА !!!. Ноќевање.

4 ДЕН (01.01.’19 – вторник): ВИЕНА Појадок. По појадокот, факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците, прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон…посета и разглед на Божиќниот базар кој се наоѓа во дворот од дворецот…поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје…денско и ноќно патување со кратки попатни  одмори.

5 ДЕН (02.01.’19 – среда): БИТОЛА Пристигнување во Битола во утринските часови.

  • НАПОМЕНА: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Агенцијата не е надлежна и не ја цени исправноста на патните исправи. Важноста на патните исправи за овој аранжман, треба да биде минимум 6 месеци од датата на кога аранжманот завршува. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Го Травел и СКТМ