Вила Анастасија Лукс

304

Вила “Anastasia Lux” се наоѓа на 100m од плажа во центарот на Полихроно веднаш наспроти хотел “Posedonio”. Располага со комплетно нови, луксузно опремени и комфортни 1/3+1 студија за 4 лица (едно дупло легло и едно единечно легло од кое се извлекува уште едно и доаѓа на исто ниво). Сите студија се опремени со тоалет, кујна, тераса со поглед кон улицата, ТВ, клима – вклучена во цената. Во склоп на вилата има паркинг за гостите на вилата кој можат да го користат бесплатно, доколку има слободни места. Студијата се наоѓаат на приземје.

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на 300m од вилата (на главниот пат);
  • –  Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.

Автобуски превоз ПОЛИХРОНО, според термини од табелата Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Полихроно (300km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат) 04:15h  Скопје – Тесалоники – Халкидики

Автопат (Е75)

 

 Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (280ден)
Патарини во Грција (2.60€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
 Струмица:  (бензинска Макпетрол – на влезот) 06:00h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Полихроно:     14:10 по МК време / 15:10 по ГР време (на булеварот)

 

GPS Coordinates: 40°00’56.7″N 23°31’45.4″E   |   40.015756, 23.529280