Вила Андреас

1730

Вила  Андреас  румс  – ( 20м од плажа) е сместувачки објект кој гостите ќе го најдат во зеленото крајбрежно  туристичко село Никијана на Лефкада. Селото се протега по должината на главниот пат што ги поврзува Лефкада со Нидри и Василики, и е оддалечено само 9 км од градот Лефкада и 7 км од Нидри. Туристите можат да го најдат овој сместувачки капацитет на главниот пат, на само 12 метри од песочна плажа. Идеално е за вашите вечерни излегувања за забава во баровите и клубовите во Нидри и Лефкада.

Категоријата на овој комплекс е „2*“ (Б категорија), со различни сместувачки капацитети (двокреветни, трокреветни, четворокреветни соби) имаат на располагање заедничка кујна на приземје..

Сите соби се опремени со клима уред (вклучена во цена) , фрижидер, телевизор, балкон (некои со поглед на море), WC/Туш. Вклучени се и WiFi услуги. На приземјето има две заеднички кујнски соби кои можат да ги користат сите гости. Услугите за чистење се обезбедени на секои 2-3 дена, како и обезбедување чиста постелнина и крпи. Собите Андреас во непосредна близина  имаат и кафе-бар, пекара, кој служат појадок, пијалоци, сладолед, кафе, закуски итн. Соодветни јавни паркинг места на улица пред објектот, како и во непосредна близина.

Цените се дадени за наем на соба за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети)
освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Собите располагаат со ТВ, фрижидер и клима уред , а имаат заедничка кујна
во посебно наменета просторија за сите гости на вилата.
Во непосредна близина на вилата има маркети, пекара, таверни и бич барови.
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст.
Попустите не може да се комбинираат.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Туристичката такса се плаќа на лице место.
 Важат Општите услови за патување на НАТА.
Translate »