Вила „Bouzalis“

937

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму тука е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата „Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Вилата располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Вила „Bouzalis” – Неа Флогита
Термини Ноќевања 1/3 апартман 1/4 апартман
(без поглед)
1/4 апартман улица 1/5 апартмани
(море)
1/6 дуплекс улица 1/8 дуплекс 
(море)
22.05-01.06.2018 10 100 120 130 190 240 290
01.06-11.06.2018 10 170 190 210 310 350 400
11.06-21.06.2018 10 220 240 260 360 400 450
21.06-01.07.2018 10 320 340 360 460 500 550
01.07-11.07.2018 10 400 420 440 540 590 660
11.07-21.07.2018 10 470 490 520 620 670 740
21.07-31.07.2018 10 470 490 520 620 670 740
31.07-10.08.2018 10 470 490 520 620 670 740
10.08-20.08.2018 10 470 490 520 620 670 740
20.08-30.08.2018 10 400 420 440 540 590 660
30.08-09.09.2018 10 280 300 320 420 460 510
09.09-16.09.2018 7 170 180 190 240 270 300
16.09-23.09.2018 7 140 150 160 210 240 270

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

  • Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра