Вила Хриса

3669

Вилата Хриса се наоѓа на 20 метри од плажата во Ипсос, сокриена од градскиот метеж, а сепак блиску до шеталиштето. Вилата има 10 студија (двокреветни и трокреветни соби). Пет соби се наоѓаат на приземје, пет на првиот спрат. Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет и клима (по избор, се доплатува 7 евра од ден).

НАПОМЕНА: Вилата нема телевизор и интернет (постои можност за конекција од околните кафулиња)

Вилата се наоѓа во централниот дел на Ипсос, и е оддалечена 50м од најголемиот маркет АБ и централната автобуска станица, како и пекара, таверни, ресторани.

GPS КООРДИНАТИ: 39.704370852992554, 19.84118984457584

ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:

ПОНУДАТА е по лице за 7 или 6 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице. 

ТЕЛЕФОН: 070/338-870, 070/338-857

Термини: Тип  соба Цена по лице
05.07 – 12.07 1/2

1/3

209
12.07 – 18.07 (6 ноќи) 1/2

1/3

199€
19.07 – 26.07 1/2

1/3

распродадено
26.07 – 02.08 1/2

1/3

распродадено
02.08 – 09.08 1/2

1/3

распродадено
09.08 – 16.08 1/2

1/3

279

269

16.08 – 23.08 1/2

1/3

279

269

23.08 – 30.08 1/2

1/3

распродадено
30.08 – 06.09 1/2

1/3

распродадено

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 или 6 (во зависност од терминот) ноќевања и автобуски превоз
    • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
    • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
    Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
    • Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
    • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
    • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
    • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
    • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени се на попуст не се одземаат
    •За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти. 

  •  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  •  Цена само за превоз 85 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
  • Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 09,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект (придружувано од двајца возрасни)

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 15h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Третио кревет во вилата е стандарден (не е дополнителен)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на ГО ТРАВЕЛ

Туристичката агенција Go Travel во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.

Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени

Тимот на GO Travel ви посакува убав одмор!