Вила Клеа – Ксамил

477

ПОНУДАТА НЕ Е ВО ЗАКУП И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ВАУЧЕРИТЕ ОД ГО ТРАВЕЛ

Вила “ Клеа“ 

Вилата “ Клеа “ се наоѓа во Ксамил,  на 350 метри оддалеченост од плажата Bela Vista и 15 мин од центарот на градчето. Вилата располага со 1/2, 1/3 и 1/4 сoби и 1/4+1 АПП сите комплетно опремени со сопствена кујна, купатило, ТВ, WI – FI, клима, балкон.

Цените се дадени за наем на соба за 7 ноќи / 8 дена

EARLY BOOKING попуст од 15% на сите термини за уплати од 50% до 31.03.2021

НАПОМЕНА:

  • Цените се дадени за наем на соба за 7 ноќевања/8 дена
  • Цена за превоз за возрасен 50 евра, за деца (2-11.99  год.) 40 евра
  • Поаѓање од Скопје од Дрводекор еден ден пред наведените датуми во табелата во 22:00 ч.
  • Поаѓање од Ксамил во 14:00 ч.
  • Пристигнувањето во Скопје е предвидено околу полноќ
  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 10:00 часот (багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери)
  • За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна
  • Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој за лица до 65 години)
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • За хигиената на собите се грижат гостите
  • Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
  • Се патува преку граничниот премин Ќафасан
  • Не е потребен PCR тест за влез во Албанија
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. ГО ТРАВЕЛ.