Вила Лана – Сутоморе

2137

Лето 2021 – Сутоморе – Црна Гора

Вила Лана се наоѓа во мирниот дел на Сутоморе и на 300 метри од плажата. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби кои се комплетно опремени со мини кујни, интернет, ТВ, тераса и тоалет, како и клима со доплата. За вашиот престој да биде уште попријатен вилата располага со прекрасен двор и зеленило. Во секоја соба има по еден пешкир по лице, кои се на услуга за време на престојот, додека пак за хигиената во собите се грижите самите. Чек ин во собите е после 14часот, додека напуштањето е во 09ч наутро.

СУТОМОРЕ

Сутоморе е приморско место во Црна Гора, кое се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор на младите.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
10% ПОПУСТ НА СИТЕ ТЕРМИНИ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.06.2021

 НАПОМЕНА:

  • Цените се дадени за наем на соба за 7ноќевања/8 дена
  • Цена за повратен билет за возрасен 40 евра
  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 10:00 часот (багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери)
  • За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој за лица до 65 години)
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • За хигиената на собите се грижат гостите
  • Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
  • Се патува преку граничниот премин Ќафасан
  • Не е потребен PCR тест за влез во Албанија
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

ГО ТРАВЕЛ ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТЕН ОДМОР