Вила Магнолија – Елени

2330

СОПСТВЕН ЗАКУП – Go Travel

Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море. Островот претставува мозаик на историјата, склоп од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на  Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.

Крф е островот кој успеал да го воодушеви античкиот јунак Одисеј со прекрасната природа. Раскошна убавина, спој на цивилизации, тиркизно море и прекрасни плажи. Изобилува со планински релјеф, бујна вегетација, долги златно песочни плажи, едни од најубавите грчки градови, многу традиционални села, Византиски цркви, повеќе музеи, импресивни венециски тврдини.

Ова е дестинација која многу ја одбираат, бидејќи овозможува повеќе димензии на она што се вика вистински одмор.

GO Travel ве носи на Ипсос

За летната сезона за Вас го имаме токму овој остров во нашата понуда, местото Ипсос, кое според местополжбата е едно од најидеалните места за вашиот летен одмор. Се наоѓа на само 15 километри од главниот град Крф (Kerkyra), 19 километри од местото Палеокастрица и уште неколку познати туристички места. Неговата структура е многу едноставна. Една главна улица на која од десната страна се наоѓа градската плажа, долга 2 километри, додека од левата се наоѓаат сите ресторани, маркети, кафулиња, таверни, барови и дискотеки. Неверојатно топлата и бистра вода ја прават градската плажа совршена за уживање, но и водените спортови, кои се доста популарни.

ВИЛА МАГНОЛИЈА (Елени) – Ипсос
СТУДИО МАГНОЛИЈА (Елени) – Ипсос

Вилата Магнолија (Елени) се наоѓа на 25 метри од плажата во Ипсос, додека студијата Магнолија (Елени) се наоѓаат на 45 метри од плажата, сокриени од градскиот метеж, а сепак блиску до шеталиштето.

Вилата Магнолија (Елени) располага со три објекти, од кои две се посебни куќи со можност за сместување на четири лица. Секој објект има две посебни спални, посебна кујна и трпезарија. И двете куќи имаат голем и убав двор исполнет со зеленило, како и приватен паркинг. Во склоп на вилата има и едно студио за две лица со посебно одвоена кујна од делот за спиење. Сите имаат опремени кујни, интернет и клима која се доплатува од ден по желба.

Студио Магнолија (Елени) располага со шест студија (двокреветни соби) и можност за трет дополнителен кревет. Секоја соба има кујна одвоена од делот за спиење, која е опремена со основен прибор, трпезариска маса, интернет и клима која се доплатува од ден по желба.

Погледнете ја понудата во продолжение:

Термини Редовна цена Сопствен превоз Early booking до 15.04 Сопствен превоз
23.06-30.06 149 евра 129 евра 119 евра 99 евра
01.09-08.09 149 евра 129 евра 119 евра 99 евра

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 4 евра по лице за целиот престој. Се плаќа во автобус.
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање: За да направите резервација, потребно е уплата од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен во целост на 10 дена пред тргнување. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Возрасно лице на трет дополнителен (помошен) кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот.
  • Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена.
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
  • Цена само за превоз 45 евра со доплата од 15 евра за траект – во два правци
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на помошен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери, кое го одредува персоналот кој ја чисти вилата
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.

Тимот на GO Travel ви посакува убав одмор!

ПРОГРАМА:

  • Прв ден

Средба на групата на Дрводекор во вечерните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.

  • Втор ден

Пристигнување во Ипсос и сместување во апартманите. Време за одмор и адаптација. Во попладневните часови организиран инфо состанок со нашиот претставник, во еден од локалните барови, со цел групата да ги дознае сите потребни информации, како и претставување на сите факултативни излети.

  • Трет до Осми ден

Организирани тури каде ќе имате можност вистински да го истражите островот и да се запознаете со најзначајните места и убавини. За целото тоа време со вас е нашиот претставник од агенцијата кој ќе ве води низ овие авантури.

Можност да се одберат повеќе факултативи:

Посета на градот Крф – главниот град на островот кој изобилува со архитектура, историја и знаменитости. Спој на модерното со историјата, ќе се чувствувате како да сте во Парис, Дубровник, Венеција поради неверојатниот спој на култура.

Тура север (Палеокастрица и Сидари) – Адреналинска и авантуристичка тура со која се посетуваат најпопуларните места на островот Крф и се обиколува речиси 40% од островот. Целодневна тура со автобус каде се посетува фабрика за производство на ликери и слатки од традиционалното овошје Кум Куат, местото Палеокастрица, со најубавата и најбистрата вода на островот, манастирот на Света Богородица и аквариум со терариум. Местото Бела Виста со најубавиот поглед на дланка на цела Палеокастрица и турата завршува во Сидари познато по тунелот на љубовта.

Посета на плажата Глифада – најпосетената песочна плажа на островот, каде можете да уживате и да се сончате.

Крстарење со брод по североисточниот дел на островот со вклучен ручек и пијалоци – Целодневно крстарење со попатни застанувања на диви плажи и малото туристичко место Касиопи.

Крстарење по јонските острови Паксос и Антипаксос – Целодневно крстарење по светски познатите острови по убавината на водата и неворојатно ситниот и бел песок.

Посета на Акваленд– Вториот по големина во Европа, веднаш по оној од Кушадаси каде адреналинот е загарантиран. Одлични скокалници и секакви водни атракции за сите возрасти.

  • Деветти ден

Напуштање на собите во 09ч наутро. Слободно време додека да пристигне автобусот за враќање. Групата се качува на траект и следува ноќно возење до Македонија.