Вила “MARIA” се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори веднаш наспроти хотел Platon, 50м од црквата и околу 100m од плажа. Располага со трокреветни студија (на I и II кат) и четворокреветни студија (на II кат). Во трокреветните студија има еден брачен и едено единечено легло. Во четворокреветните има еден брачен и две единечни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..,(кујната е одделена од спалната соба), тоалет, балкон со масичка со столчиња со поглед кон булеварот и хотелот Платон, клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет – Бесплатен. Наспроти вилата има супермаркет.
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 9 ноќи/10 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Удово / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- – Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- – Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за клима – 5€ од ден;
- – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување.