Вила Меропи

904

Вила Меропи се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите, излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, на 200м од самата вила на 3 паралелни улици со неа има бесплатен паркинг за возила. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед, ТВ, клима без доплата и wi-fi.

Капацитетот на овие соби е 3 возрасни лица, или 2 возрасни лица со 2 деца од кој второто дете да е до неполни 6год бидејќи дели спално легло со родители, и не му следува дополнително легло.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62мкд.

MEROPI – KALLITHEA
Период Ноќевања 1/3 (студио за 3 лица) Коментар
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
20.05-27.05.18 7 59 ПРОМО
27.05-03.06.18 7 89 ПРОМО
03.06-10.06.18 7 139  
10.06-17.06.18 7 189  
17.06-24.06.18 7 259  
24.06-01.07.18 7 289  
01.07-08.07.18 7 319  
08.07-15.07.18 7 329  
15.07-22.07.18 7 349  
22.07-29.07.18 7 349  
29.07-05.08.18 7 349  
05.08-12.08.18 7 349  
12.08-19.08.18 7 349  
19.08-26.08.18 7 309  
26.08-02.09.18 7 229  
02.09-09.09.18 7 179  
09.09-16.09.18 7 129 ПРОМО
16.09-23.09.18 7 99 ПРОМО
23.09-30.09.18 7 59 ПРОМО

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – (Автобуска Станица Транскоп-на перон)-30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Плаќање за деца:

  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Штип
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • Возрасни лица над 63год – попуст од 10еур

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Важат Општите услови на СКТМ и ТА Го Травел

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • 5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
  • 4:00 Скопје (Дрводекор)
  • 4:30 Велес (БП мотел Македонија)
  • 5:00 Неготино (БП Неготино)
  • 5:40 Удово (БП Удово(
  • 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • 4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • 2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • 3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

НАПОМЕНА:

  • Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.