Вила Минас Лукс

8734

ХИТ ПОНУДА ЗА ХИТ ЛЕТО – Вила Минас Лукс – Ипсос/Пирги

Вила „Минас Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради. Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од двокреветни студија и четврокреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, ви-фи интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). Во некои од студијата постои можност за додавање на трет дополнителен кревет.

ПОНУДАТА СЕ ОДНЕСУВА НА 7 ноќевања со можност за автобуски превоз и 10 ноќевања по избор на датум само со сопствен превоз за период од 25.08-08.09.ЗА 10 НОЌЕВАЊА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ Е 169 ЕВРА!

ТЕРМИН Цена по лице
25.08-01.09 149 евра
01.09-08.09 119 евра
  • Кога се користи наш превоз дополнително од аранжманот има доплата за траект во двата правци 15 евра по лице.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 4 евра по соба за целиот престој.
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Агенцијата може да посреди превоз на автомобил и патници со траект.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот
  • Во апартман каде 3 возрасни плаќаат полна сума, четврто лице – дете е бесплатно и плаќа само траект 15 евра повратно

Погледнете ја нашата понуда со автобуски превоз и седум ноќевања ТУКА!