Вила Попис

1703

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите. Сите соби се двокреветни со брачен  кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете со неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.12.2019
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.01.2020
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

КАЛИТЕА – ПОПИС
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќевања 1/2   (студио за 2 лица) Коментар
23.05-30.05.2020 7 59 Промо Цена
30.05-06.06.2020 7 89 Промо Цена
06.06-13.06.2020 7 139  
13.06-20.06.2020 7 189  
20.06-27.06.2020 7 229  
27.06-04.07.2020 7 279  
04.07-11.07.2020 7 299  
11.07-18.07.2020 7 329  
18.07-25.07.2020 7 369  
25.07-01.08.2020 7 369  
01.08-08.08.2020 7 369  
08.08-15.08.2020 7 369  
15.08-22.08.2020 7 329  
22.08-29.08.2020 7 299  
29.08-05.09.2020 7 239  
05.09-12.09.2020 7 189  
12.09-19.09.2020 7 129 Промо Цена
19.09-26.09.2020 7 89 Промо Цена

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62мкдУслови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата

На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 30% аконтација.

Првите две и последните два термина се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја сабота)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон– 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • Возрасно лице над 63год – попуст од 10еур

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ и ТА Го травел

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • 5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
  • 4:00 Скопје (Дрводекор)
  • 4:30 Велес (БП мотел Македонија)
  • 5:00 Неготино (БП Неготино)
  • 5:40 Удово (БП Удово)
  • 6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • 4:00 Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)
  • 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • 2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • 2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • 3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола