Осма година по ред туристичката агенција Го Травел за Вас подготвува единствени понуди со најубавите вили и најдобра организација на островот Крф, место Ипсос.
ТЕЛЕФОН: 070/338-870, 070/338-857
ЛЕТО 2025 – сопствен закуп
ВИЛА СТАТИС (Ипсос)
На само 20 метри од плажата, во самиот центар на Ипсос се наоѓа вилата Статис. На 10 метри од неа се наоѓа најповолниот супермаркет АВ, а пред вилата се наоѓа нејзиниот ресторан. Сите соби имаат два единечни кревета, собите се во класичен грчки стил, мини кујна, тоалет, мала тераса и клима со доплата од 10 евра по ден по желба. Сите кујни се одделени со столб од делот за спиење. Мини кујните располагаат со мал фрижидер, решо, аспиратор и основен кујнски прибор. За секој патник следува по еден мал пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата располага со вифи интернет. Агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на интернетот.
GPS КООРДИНАТИ 39.70336456770895, 19.841309110764772
ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:
Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице.
7ноќи и превоз |
тип соба | Вила Статис – 20 метри од плажа |
19.07–26.07 | 1/2 | 269€ |
26.07-02.08 | 1/2 | 279€ |
02.08-09.08 | 1/2 | 279€ |
09.08-16.08 | 1/2 | 279€ |
16.08-23.08 | 1/2 | 279€ |
23.08-30.08 | 1/2 | 249€ |
30.08-06.09 | 1/2 | 229€ |
06.09-13.09 | 1/2 | 209€ |
13.09-20.09 | 1/2 | 179€ |
20.09-27.09 | 1/2 | 139€ – промо |
27.09-04.10 | 1/2 | 89€ – промо |
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
- Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
- Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
- Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
- Можност за плаќање:Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
- За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
- Нема можност за трет дополнителен кревет
- Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
- За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
- За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 85 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
- Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 09,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект (придружувано од двајца возрасни)
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 16h по грчко време
- Check out е до 09h.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Во сместувањето има еден мал пешкир за секој патник (за раце, лице). Пожелно е да се носи сопствен пешкир
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на ГО ТРАВЕЛ
Туристичката агенција Go Travel во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.
Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени
Тимот на GO Travel ви посакува убав одмор!