Вила Статис

2628
  • СОПСТВЕН ЗАКУП – Go Travel
    Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море. Островот претставува мозаик на историјата, склоп од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.

Крф е островот кој успеал да го воодушеви античкиот јунак Одисеј со прекрасната природа. Раскошна убавина, спој на цивилизации, тиркизно море и прекрасни плажи. Изобилува со планински релјеф, бујна вегетација, долги златно песочни плажи, едни од најубавите грчки градови, многу традиционални села, Византиски цркви, повеќе музеи, импресивни венециски тврдини.

Ова е дестинација која многу ја одбираат, бидејќи овозможува повеќе димензии на она што се вика вистински одмор.

GO Travel ве носи на Ипсос

За летната сезона за Вас го имаме токму овој остров во нашата понуда, местото Ипсос, кое според местополжбата е едно од најидеалните места за вашиот летен одмор. Се наоѓа на само 15 километри од главниот град Крф (Kerkyra), 19 километри од местото Палеокастрица и уште неколку познати туристички места. Неговата структура е многу едноставна. Една главна улица на која од десната страна се наоѓа градската плажа, долга 2 километри, додека од левата се наоѓаат сите ресторани, маркети, кафулиња, таверни, барови и дискотеки. Неверојатно топлата и бистра вода ја прават градската плажа совршена за уживање, но и водените спортови, кои се доста популарни.

Во нашата понда за лето 2018, ја имаме вилата Статис, која се наоѓа во центарот на главната улица, на само 13 метри од плажата, и вилата Тео, која се наоѓа на 130 метри од плажата.

Погледнете ја нашата целосна понуда во продолжение.

ВИЛА СТАТИС (Ипсос)

На само 13 метри од плажата, на самата средина на Ипсос се наоѓа вилата Статис. На 10 метри од неа се наоѓа најповолниот супермаркет во тој дел на островот. Вилата располага со сопствен ресторан и се состои од седум двокреветни соби кои се наоѓаат на првиот кат, од кои терасите на две студија имаат директен поглед на море, терасите од две студија имаат страничен поглед на море, а три немаат. Сите соби имаат два единечни кревета, но постои можност за спојување.

Сите соби се во класичен грчки стил, мини кујна, тоалет, мала тераса и клима со доплата по желба. Сите кујни се одделени со столб од делот за спиење. Мини кујните располагаат со мал фрижидер, решо, аспиратор и основен кујнски прибор. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата располага со вифи интернет. Агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на интернетот.

Вилата располага со заедничка тераса за сите гости со директен поглед на море, каде и интернет конекцијата е најсилна.

ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОНУДАТА:

Цени – Вила Статис

Термини Редовна цена Акциска цена
23.06-30.06 139 евра 109 евра
30.06-07.07 159 евра 143 евра
07.07-14.07 169 евра 152 евра
14.07-21.07 189 евра 170 евра
21.07-28.07 209 евра 188 евра
28.07-04.08 219 евра 197 евра
04.08-11.08 219 евра 197 евра
11.08-18.08 219 евра 197 евра
18.08-25.08 209 евра 188 евра
25.08-01.09 189 евра 170 евра
01.09-08.09 139 евра 125 евра
08.09-15.09 129 евра 116 евра
15.09-22.09 119 евра 107 евра
22.09-29.09 99 евра 89 евра

ТЕРМИНИТЕ 11-18 август,18-25 август, 01.09-08.09 и 22-29 септември се РАСПРОДАДЕНИ!

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 0.50 центи по лице на ден. Се плаќа во автобус.
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање: За да направите резервација, потребно е уплата од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен во целост на 10 дена пред тргнување. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • За првите три и последните три термини, не се одземаат 20 евра за сопствен превоз, туку се плаќа целата сума на аранжманот.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена. Не важи за првите три и последните три промо термини каде се плаќа вкупната сума на дадениот промо попуст.
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
  • Цена само за превоз 45 евра со доплата од 15 евра за траект – во два правци
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во делот кој го предвидува персоналот задолжен за чистење на вилата.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Климата во вила Статис е опционална и се доплатува 5 евра од ден на лице место
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
  • За секој гостин следува по еден пешкир.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
  • Во вила Статис не постои можност за додавање на дополнителен кревет

Тимот на GO Travel ви посакува убав одмор!

ПРОГРАМА:

  • Прв ден

Средба на групата на Дрводекор во вечерните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Попатни паузи за освежување и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.

  • Втор ден

Пристигнување во Ипсос и сместување во апартманите. Време за одмор и адаптација. Во попладневните часови организиран инфо состанок со нашиот претставник, во еден од локалните барови, со цел групата да ги дознае сите потребни информации, како и претставување на сите факултативни излети.

  • Трет до Осми ден

Организирани тури преку нашиот партнер, тур оператор, каде ќе имате можност вистински да го истражите островот и да се запознаете со најзначајните места и убавини. За целото тоа време со вас е нашиот претставник од агенцијата кој ќе ве води низ овие авантури.

Можност да се одберат повеќе факултативи:

Посета на градот Крф – главниот град на островот кој изобилува со архитектура, историја и знаменитости. Спој на модерното со историјата, ќе се чувствувате како да сте во Парис, Дубровник, Венеција поради неверојатниот спој на култура. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ – 10 евра со водич

Тура север (Палеокастрица и Сидари) – Адреналинска и авантуристичка тура со која се посетуваат најпопуларните места на островот Крф и се обиколува речиси 40% од островот. Целодневна тура со автобус каде се посетува фабрика за производство на ликери и слатки од традиционалното овошје Кум Куат, местото Палеокастрица, со најубавата и најбистрата вода на островот, манастирот на Света Богородица и аквариум со терариум. Местото Бела Виста со најубавиот поглед на дланка на цела Палеокастрица и турата завршува во Сидари познато по тунелот на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра со водич.

Посета на плажата Глифада – најпосетената песочна плажа на островот, каде можете да уживате и да се сончате. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 12 евра

Крстарење со брод по североисточниот дел на островот со вклучен ручек и пијалоци – Целодневно крстарење со попатни застанувања на диви плажи и малото туристичко место Касиопи. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра.

Вкупна цена на турите: посета на градот Крф, плажата Глифада, турата Север и крстарење со ручек е 72 евра. Со резервација на пакет турите изнесуваат 65 евра по лице.

Крстарење по јонските острови Паксос и Антипаксос – Целодневно крстарење по светски познатите острови по убавината на водата и неворојатно ситниот и бел песок. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 30 евра.

Посета на Акваленд– Вториот по големина во Европа, веднаш по оној од Кушадаси каде адреналинот е загарантиран. Одлични скокалници и секакви водни атракции за сите возрасти. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ И ВЛЕЗНИЦА 27 евра.

  • Деветти ден

Напуштање на собите во 09ч наутро. Слободно време додека да пристигне автобусот за враќање. Групата се качува на траект и следува ноќно возење до Македонија.