Вила Теа

1749

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плаѓата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.

Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.

Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло.Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
Gps: 40°4’35”N,23°26’50”E

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62мкд

ПОНУДАТА НЕ Е ВО ЗАКУП И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ВАУЧЕРИТЕ ОД ГО ТРАВЕЛ

  • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 45еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 35еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 45еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 10еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Го Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на ТА Го травел

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • 05:40 h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
  • 07:00 h Струмица ( бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удовo
  • 06:00 h Скопје (Дрводекор)
  • 06:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
  • 07:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
  • 07:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
  • 08:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

Поаѓање од Грција:
-15:00 h локално време, ( 14:00 h мак.време) Фурка
-15:15 h локално време, ( 14:15 h мак.време) Сивири
-15:30 h локално време, ( 14:30 h мак.време) Калитеа
-16:00 h локално време, ( 15:00 h мак.време) Неа Потидеа
-16:20 h локално време, ( 15:20 h мак.време) Неа Флогита

  • Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на Го ТРАВЕЛ ви посакува пријатен одмор.