Врвовите на Јастребац и како до нив

2033

Местото Јастребац полека станува доста атрактивна дестинација меѓу македонските туристи, не само поради прекрасната недопрена природа и вештачкото езеро, туку и поради планинските патеки кои се совршени за љубителите на планинарењето и пешачењето. Оддалечено на само 300 километри од Скопје и 20 километри од градот Крушевац се наоѓа ова прекрасно место.

Највисоките точки на Јастребац се Поглед (1481м), Змајевац (1313м) и Бела Стена (1.257м), а како највисок врв се издвојува Велика Ѓулица на 1491м надморска висина.

Кога зборуваме за врвовите на Јастребац, треба да се спомене дека Бела стена ја прави природната граница помеѓу Топличкиот крај и Поморавља. Јастребац го сочинуваат два масиви: Голем и Мал Јастребац, а од Копаоник го дели Јанковата клисура. Припаѓа во групата на Родопските планини.
Јастребац е една од најпошумените планини на Европа, па така, без ГПС, мапа и компас, но првенствено и без искуство и информации не треба да се одвојувате од обележаните патеки.

БЕЛА СТЕНА – СОКОЛОВ КАМЕН

Маркираната патека од Jastrebac Lake Resort, преку планинарскиот дом до Бела Стена, потоа преку гребените води во Бела Стена. Има доста стрмни, но и благи патеки, но задоволството кога ќе се искачите е неверојатно.

МЕЧЈА СТЕНА, БЕЛИЕВА КОЛИБА

Паетката започнува од планинарскиот дом Јастребац и целата траса е маркирана. Често се оди инверзно. Од ливадите покрај домот започнува патеката и потоа патот продолжува се до една раскрсница која лево води до Бела Стена, а патот до Мечја стена води уште 2километри нагоре. Овој дел на патеката има најблаг успон. Кога ќе стигнете на самиот крај популарно место за одмор е терасата каде срушено дрво направило ограда со стебло и корен на 1020м.
На 5 метри над терасата позади карпата, право се наоѓа патеката која води кој Белиевата колиба.

ЗМАЈЕВАЦ

Оваа патека е една од најкратките патеки од Рибарска бања до Равништа. Се поаѓа од Рибарската бања и преку брдото се стига до селото Срндаље. Кога ќе се одмине селото потоа има обележана трака до која треба да се придржува, се додека шумскиот пат не излезе на т.н. кружен пат. Тука ништо не е обележано, но се оди по патеки.

ПОГЛЕД

Највисокиот врв е Велика Ѓулица (1491 m), а тука не е дозволен пристап поради воени објекти. Недалеку од врвот е импресивниот Поглед (1482 m). Името на ово врв кажува се: тука може да се види половина Србија, од далеку Љуботен на Шар Планина до Авала кај Белград, од Копаоник до Ртањ, Сува Планина и Стара Планина. Градот Ниш јасно се гледа од Поглед, а од Ниш исто така убаво се гледа врвот Поглед преку ден, како планински врв кој доминира на пространиот масив на Јастребац.

Ова е само мал дел од што значат врвовите. Тие треба да се доживеат со свои очи.