Закинтос – 27.07-06.08

2020

Закинтос – Тука се одморале Аполон и Артемида. Биле маѓепсани од тројанскиот принц Закинтос, кој прв го открил островот и по него по добило своето име. Поради природната убавина за него се бореле Римјаните, Византијците и Млеќаните. Се верувал дека островот прва го посетила Марија Магдалена, па оттука се проширило христијанството, кое е важен дел од нивната култура.

ЛАГАНАС – место за забава

Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.

Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа

Вила Кристина – Лаганас

Вилата Кристина се наоѓа во Лаганас на мирна улица, оддалечена 150 метри од главната улица, и на 5 минути од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни соби и секоја има кујнски дел со решо и фрижидер, како и заедничка тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима со доплата, а користењето на сеф е вклучено во цената на аранжманот. Покрај вилата има маркет, а за љубителите на електронската музика во близина се наоѓа и клубот club Ocean Inn

Вила Корали – Лаганас

Вила Корали се наоѓа на идеална локација во Лаганас, на околу 50м од плажата и на 2 минути пешачење од главната улица и сите случувања. Во близина на вилата има маркет, како и барови на плажата. Вилата е поделена на 2 блока кои имаат посебни влезови. Има двокреветни, трокеветни и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со решо и фрижидер, како и можност за изнајмување на клима, додека користење на сеф е вклучено во понудата.

Вила Ламбрини

Вила Ламбрини – Закинтос: Вилата се наоѓа во Лаганас, на централната улица, во близина на клубовите. Плажата е оддалечена околу 5 минути пешачење. Студијата имаат кујнски дел со решо, фрижидер, како и тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима уред.

Complex Zefiros (Vila Olga)

Вилата се состои од два блока, двокреветни студија и четворокреветни апартмани. Комплексот Zefiros се состои од три вили кои имаат заеднички базен. Се наоѓа на 150 метри од плажа/ 2 минути пешачење и 1000 метри од главната улица/ клубовите/ 10-12 минути пешачење. Секоја соба има сопствено wc, мини кујна (решо), клима уред (се доплаќа на лице место).

На располагањe е терминот:
27.07-06.08  – ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА
1/6= 175 евра по лице
1/3=185 евра по лице
1/2=195 евра по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Траект Килини – Закинтос – Закинтос – Килини
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден

НАПОМЕНИ:
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Доплата за клима 5 евра од ден по желба.                                                     • Патниците се должни да се однесуваат пристојно и коректно кон сместувачките капацитети, како и кон одговорните лица задолжени за организацијата. Во било каков случај на недолично или насилно однесување, агенцијата не сносува никаква одговорност доколку се задржани од страна на полиција или се отстранети од сместувањето, агенцијата исто така не е должна да обезбеди превоз поради предвремено враќање назад
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. GO TRAVEL.

АМА НА ПАТУВАЊЕТО:

Поаѓање од Скопје во договорено време. Ноќно возење со попатни застанувања за пауза и царински формалности. Во утринските часови пристигнување во пристаништето Килини, од каде се качуваме на траект и се возиме до островот Закинтос околу 90 минути. Потоа следува возење до Лаганас и сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: дневни и ноќни забави во дискотеките на отворено и ноќните клубови. Се посетува и градот Занте, плажата Агиос Николаос со забава на плажа, островот на желките, крстарење околу островот, Акваленд.