Закинтос е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ
- Сместување на база 7 ноќевање во двокреветни и трокреветни апартмани/студија/соби во избраните вили во Лаганас.
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Килини – Скопје
- Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза)
- Билет за траект на релација Килини – Закинтос – Килини кој чини 35 евра – СЕ ПЛАЌА ВО АВТОБУС
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2014. година (дневно по соба: приватно сместување – 2 евра) – СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци.
КАЛОФОНОС СТУДИОС | |||||||||
01.07.- | 08.07.-16.07. | 15.07.-23.07. | 22.07.-30.07. | 29.07.-06.08. | 05.08.-13.08. | 12.08.-20.08. | 19.08.-27.08. | 26.08.-03.09. | |
09.07. | |||||||||
1/2 | распродадено | 299/€ | распродадено | распродадено | распродадено | 309/€ | 299/€ | 299/€ | 219/€ |
1/3 | 189/€ | 289/€ | распродадено | распродадено | 289/€ | 299/€ | 289/€ | 289/€ | 189/€ |
ВИЛА АВРА | |||||||||
01.07.- | 08.07.-16.07. | 15.07.-23.07. | 22.07.-30.07 | 29.07.-06.08. | 05.08.-13.08. | 12.08.-20.08. | 19.08.-27.08. | 26.08.-03.09. | |
09.07. | |||||||||
1/2 | распродадено | 289/€ | распродадено | распродадено | распродадено | 299/€ | 289/€ | 289/€ | распродадено |
1/3 | 179/€ | 279/€ | 289/€ | 389/€ | 289/€ | 289/€ | 279/€ | 279/€ | 179/€ |
MARE BLU STUDIOS & SUITES LUX | |||||||||
01.07.- | 08.07.-16.07. | 15.07.-23.07. | 22.07.-30.07 | 29.07.-06.08. | 05.08.-13.08. | 12.08.-20.08. | 19.08.-27.08. | ||
09.07. | |||||||||
1/2 | распродадено | 349/€ | распродадено | 489/€ | 369/€ | 359/€ | 349/€ | 349/€ | |
1/3 | / | 339/€ | 349/€ | распродадено | 359/€ | 349/€ | 339/€ | 339/€ | |
1/4 | распродадено | 329/€ | распродадено | распродадено | 349/€ | 339/€ | 329/€ | 329/€ |
KALOFONOS STUDIOS – Сместено во срцето на Закинтос, Kalofonos Studios нуди удобни и модерни уредени студија само 100 метри од плажата Лаганас. Уживајте во мирна и пријатна атмосфера. Главната улица е одалечена само на неколку чекори, каде може да уживате во некои од добро познатите дискотеки и клубови.
VILA AVRA се наоѓа на 20 метри од градската плажа во Лаганас и 50 метри е одалечена од главната улица каде се наоѓаат сите клубови и ресторани, секоја соба е опремена со чајна кујна и фрижидер исто така секоја соба поседува клима која се доплаќа.
Mare Blu Studios & Suites
Сместено на самата песочна плажа во Лаганас, Mare Blu Studios & Suites ви нуди идеално бегство за оние што сонуваат за мирни утра со поглед на бескрајното Море. Секоја соба има приватен балкон или тераса со директен поглед на морето, совршено место за утринско кафе или вечерен коктел. Сместување Нашите студија и апартмани се дизајнирани за удобност и релаксација. Секоја соба располага со приватен тоалет, а дел од нив се опремени со мини кујна – идеално за оние што сакаат да подготват лесен оброк. Сместувањето е чисто, светло и пријатно, со внимателно одбрани детали што создаваат домашна атмосфера.
Локација Се наоѓаме во тивкиот дел на Лаганас, само неколку чекори од плажата и во близина на главната улица со ресторани, кафулиња и продавници. Оваа локација ви овозможува да уживате во мирот на морето, додека сте блиску до забавниот живот на Лаганас.
ПРОГРАМА:
1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:
Поаѓање од пред С.Ц. Борис Трајковски во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 – 7.ДЕН ЗАКИНТОС:
Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.
8.ДЕН / ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:
Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.
СО ОВАА ПРОГРАМА ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ