Закинтос – Вила Калофонос и Авра

230

Закинтос е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ

  • Сместување на база 7 ноќевање во двокреветни и трокреветни апартмани/студија/соби во избраните вили во Лаганас.
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Килини – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза)
  • Билет за траект на релација Килини – Закинтос – Килини кој чини 35 евра – СЕ ПЛАЌА ВО АВТОБУС
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2014. година (дневно по соба: приватно сместување – 2 евра) – СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

KALOFONOS STUDIOS – Сместено во срцето на Закинтос, Kalofonos Studios нуди удобни и модерни уредени студија само 100 метри од плажата Лаганас. Уживајте во мирна и пријатна атмосфера. Главната улица е одалечена само на неколку чекори, каде може да уживате во некои од добро познатите дискотеки и клубови.

VILA AVRA се наоѓа на 20 метри од градската плажа во Лаганас и 50 метри е одалечена од главната улица каде се наоѓаат сите клубови и ресторани, секоја соба е опремена со чајна кујна и фрижидер исто така секоја соба поседува клима која се доплаќа.

ПРОГРАМА:

1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:

Поаѓање од пред С.Ц. Борис Трајковски во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 – 7.ДЕН ЗАКИНТОС: 

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.

8.ДЕН / ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

СО ОВАА ПРОГРАМА ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ