Закони што треба да ги знаете за да избегнете невоља во странство

1854

Верувале или не, однесувањето што можеби за вас е нормално, во некоја друга држава каде има културолошки разлики, може да ви создаде невоља или да ве донесе во сукоб со законот.

Не често читаме дека некој е уапсен некаде за нешто. Така на пример, еден Британец е уапсен во Малезија затоа што позирал гол на света планина или пар во Дубаи доживеале слична судбина зошто јавно се бакнале. Навистина, во Емиратите ако опсуете преку апликацијата WhatsApp, можете да добиете казна од 50.000 евра или ако се опиете во Магалуф, можете да платите 3000 евра за тоа задоволство.

Вашето однесување може да ве чини повеќе отколку што сте мислеле, па затоа пред да отпатувате некаде, проверете ги законските одредби, доколку не сакате да се најдете во невоља. Еве неколку закони кои треба да ги знаете иако некои од нив знаат да бидат и малку бизарни.

ФРАНЦИЈА
Законски сте обврзани во автомобилот да имате апарат за воздух (за дување за проверка на алкохол) и незаконски е да носите било каква направа која има функција на камера која детектира светло. На пример, ако сте во Парис и ви се допаѓаат светлата на Ајфеловата кула, нелегално е да ги сликате.

БЕЛГИЈА
Футуристичкиот Атомиум, споменик кој се состои од пет сфери на повеќе од осум нивоа, бил изграден за одржување на Светскиот саем во Брисел во 1958 година. Веројатно е една од најпосетуваните атракции во Белгија и симбол на европскиот главен град, но сепак бидејќи е заштитен, ќе мора да го задржите вашиот фотоапарат во чантата.

ШПАНИЈА
Туристите кои си шетаат низ улиците на Барселона по нивните костими за капење, можат да заработат казна од 300 евра. Властите забраниле да се носат бикини во области каде нема плажи. Во Мајорка, казната достигнува и до 600 евра.

ГРЦИЈА
Незаконски е да се фотографираат државни згради, цркви, дури и авиони. Сетете се во 2001-та година кога 12 авионски спотери беа уапсени поради шпионажа затоа што направиле фотографии од милитарната авио база. Исто така, можно е да ве навредат ако се облечете премногу модерно (разголено) што се смета за непристојно според нивната култура. Кодеин во Грција се смета за незаконска дрога.

КИПАР
Не е дозволено да се свири со свирката од автомобилот кога сте во близина на болница

СИНГАПУР
Од 1992 година против законски е да се џвака мастика во јавност. Единствено отстапка има за никотинска мастика која е дозволена само со рецепт. Можете да се најдете во невоља и ако јавно истакнувате знаме или амблем на некоја држава.

ТАЈЛАНД
Незаконски е да се критикува Кралот или било кој член на фамилијата, дури и тие што се починати. Тоа е криминал познат како Lèse Majesté  и може да се заработи затворска казна од 15 години, па и повеќе.

ЈАМАЈКА
Противзаконски е да се носи облека за камуфлажа на овој Карипски остров.

ЈАПОНИЈА
Во земјата од која потекнува сумо борењето, забрането е да си дебел. Законот вели дека мажите кои имаат повеќе од 40 години не смеат да имаат струк повеќе од 80 см и жените повеќе од 90 см.