Зградата на Парламентот во Букурешт – контроверзна и неверојатна

1091

Палатата на парламентот во Букуршет претставува една од најскапите и најекстрагантните градежни проекти на 20 – иот век, како и најголемо политичко здание по Пентагон. Зградата на парламентот во Букурешт почнала да се гради во 1984 година, а нејзината изградба ја инцириал романскиот претседател Николај Чаушеску, која имал желба да ја усогласи архитектурата во Букурешт со тогашниот комунистички режим.

Зградата на парламентот во Букурешт денес е една од основните знаменитости, која многубројните туристи ја посетуваат за време на посета на романската престолнина. Во продолжение дознајте интересни информации за овој најголем парламент во светот.

Контроверзна историја на луксузниот Парламент

Кога станува збор за Романија, нејзиниот главен град Букурешт, кој е културен и историски центар на државата, е престолнина во која се наоѓаат некои од најважните романски знаменитости. Една од нив е зградата на Парламентот, поточно палатата на Парламентот која што е позната и како Куќа на народите (Casa Poporului). Освен тоа, оваа зграда е позната и како најлуксузна политичка градба на светот, по Пентагон, а дополнително интересна ја прави токму нејзината контроверзна историја.

Екстравагантниот Параламент започнал да се гради по големиот земјотрес кој го погодил Букурешт во 1977 година, на иницијатива на тогашниот претседател Никола Чаушеску, во време кога неговиот народ се соочувал со најголемиот глад.

Чаушеску инспирацијата за невообичаениот праламент ја добил од Пјонгјанг, престолнината на Северна Кореја, а пораката која Парламентот требало да ја испрати била насочена кон тоа да се демонстрира моќта на претседателот и во истата да бидат сместени сите државни ограни, без оглед на тоа што нејзината изградба сериозно го загрозила државниот буџет и романскиот народ кој живеел во сиромаштија.

Со цел зградата да биде колку што е можно повидлива, Чаушеску на местото на градбата издигнал брдо и срманил до темел бројни културни зданија. Тоа значело уривање на 19 православни цркви, шест синагоги, три протестантски цркви, бројни фабрики и болници, како и 30.000 домови. Повеќе од 40 илјади жители присилно биле раселени, а околу 70 илјади работници работеле во три смени за време на изградбата на парламентот. Нив ги сочинувале војници, но и обично население кое работело под присила.  Работеле седум дена во неделата во смени кои траеле и по 24 часа. Се проценува дека 3000 илјади луѓе го загубиле животот во текот на изградбата.  Изградбата во која се потрошени повеќе од 4 милијарди евра била завршена во 1989 година.

Зградата на парламентот во Букурешт почнала да се гради во 1984 година, но претседателот Чаушеску и неговата сопруга Елена не го дочекале крајот на изградбата, затоа што се погубени за време на револуцијата во 1989 година.

Денес во Платата се сместени Сенатот на Романија, Домот на пратениците, Музејот на современата уметност и Музеј на тоталитаризмот, а дури 30% од палатата се уште е празна и постојани вложувања во нејзино одржување и модернизирање се уште претставуваат проблем за романскиот буџет.

Занимливости и информации за зградата на Парламентот во Букурешт?

Кога станува збор за Букурешт, Парламентот претставува една од главните знаменитости на романската престолнина во чија изградба учествувале дури девет архитекти. Оваа градба е со должина од 240 метри, додека широчината изнесува 270 метри. Висока е 86 метри и има 12 видливи катови, а под земјата се наоѓаат уште осум нивоа на длабочина од 92 метри. Во подземниот дел од зградата се наоѓа мрежа на тунели кои се доволно долги и  широки што во нив може да се одржуваат трки на автомобили. Подземниот дел од романскиот парламент може да прими дури 20 000 автомобили. На последното ниво се наоѓа атмоска скривница за семсјтвото Чаушеску во случај на нуклеарна војна.

Палатата има 1100 соби и се протега на 350.000 метри квадратни. Палатата, која е и најтешката зграда на светот во својата конструкција содржи 700.000 метрички тони челик и бронза, 1.000.000 метри кубни трансилваниски мермер, а 3.500 метрички тони кристал биле потрошени за вкупно 480 лустери, додека само лустерот во Салата на републиката тежи околу 5 тони. Ентериерот на зградата на романскиот парламент е исто така импресивен. Во него се наоѓаат дури 200.000 метри квадратни теписони. Податоците кажуваат дека за изработка на тие теписи машините со кои се ткаеле истите морале да бидат донесени во самата зграда. Прозорците се украсени со рачно ткаени завеси. Секоја од завесите тежи неверојатни 250 килограми.

Меѓутоа, иако брачната двојка Чаушеску никогаш не се вселиле во палатата, нивното присуство се уште е видливо. Имено, балската сала била градена со посебна акустика по инструкции на Никола Чаушеску, па така аплаузот на еден човек се слуша како аплаузи од дестина луѓе. Исто така во оваа сала се поставени скали кои на прв поглед немаат никаква функција, а всушност токму тие биле дел од посебните барања на Чаушеску, за да се прикрие разликата во височина помеѓу него и неговата сопруга Елена, која била малку повисока од него.

Интересен податок кој зборува за апсурдноста на целата зграда е што пејачот Мајкл Џексон е единствената личност која му се обратила на народот од балконот на Парламентот, кој воочи концертот во 1990 година, насобраната толпа ја поздравил со зборовите: Будимпешта, те поздравувам! (Како единствен човек кој се обратил од тоа место, го погрешил градот кој го поздравил)

Денес Парламентот во Букурешт е една од главните туристички атракции, кој дневно го посетуваат околу илјада туристи. Затоа, ако планирате да бидете дел од ова патување во Букурешт, екстравагантниот парламент е една од главните знаменитости кои треба да ги посетите. Нема сомнеж дека грандизоноста и луксузноста на ова здание ќе ви го одземат здивот!