Златибор за 8-ми март

1092

Планината Златибор и истоимената населба и езеро, претставува една од најважните и најубавите туристички центри во Србија. По преданијата, го носи името по златните борови и познат е како воздушна бања. Туристичкиот развој на Златибор започнува кон крајот на 19-от век, а во последните неколку години, со реновирање на фонтаната на езерото, и најголемaта панорамскa жичара (гондола) на светот, заедно со врвната домашна храна по која Златибор е познат, се потполнува комплетната слика за местото и го прави едно од најатрактивните места во Србија. Се наоѓа на околу 480 километри од Скопје.

Затоа ве носиме токму тука за Денот на жената, 8-ми март.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 99евра по лице, редовна 119евра
ТЕРМИН: 06.03-08.03

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 2ноќевања во апартхотел со појадок
  • автобуски превоз на релација Скопје – Златибор – Скопје
  • Трговски центар Stop Shop во Чачак
  • Посета на Врњачка бања
  • Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Туристичка такса едно евро од ден по лице
  • Задолжително патничко осигурување 150 денари по лице
  • Посета на Дрвенград  5 евра по лице
  • Музејот Сирогојно – 5 евра по лице
  • Возење со гондола – 9 евра по лице

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Граничниот премин Табановце
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 79 евра

ПРОГРАМА:

Прв ден сабота (06.03)

Собир на групата пред Дрводекор во Скопје на полноќ. Патувањето не води преку граничниот премин Табановце каде можете да патувате со пасош или лична карта. Попатни паузи за одмор и освежување.

Планирано пристигнување на Златибор во раните утрински часови. Заминување кон етно селото Сирогојно, познато по музејот Старо село, единствениот музеј на отворено во Србија. Музејот е составен од две целини, првата е собир на повеќе куќи кое го зачувале својот изглед и намена од 19-от век, и втората целина од куќи, кои се пренаменети и во нив има продавници, сувенири, кафеани и туристички занимливости. Цената на излетот е 5 евра по лице.

Во попладневните часови, враќање во Златибор и сместување на групата. Следува време за одмор или панорамски разглед во договорено време до врвот Торник 1496метри надморска висина со гондола. Гондолата е долга 9 километри и официјално започна со работа на 13-ти јануари 2021 година и станува најголемата гондола на светот, а со тоа ја заслужува титулата Golden Gondola. Возењето трае околу еден час во двата правци. Цената изнесува 9евра по лице.

Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Втор ден 07.03 недела
После појадокот во договорено време, се поаѓа према етно селото Дрвенград, кое се наоѓа на брдото Мечавник, познато по прочуениот српски режисер Емир Костурица. Дрвенград е замислен како своевидно враќање во минатото, поради старите дрвени куќи од кои повеќето се пренесени и зачувани од околните села. Интересно е што улиците и плоштадите се наречени по познати уметници, спортисти, актери кои го посетиле овој град (Новак Ѓоковиќ, Иво Андриќ, Марадона). Идејата за овој град Емир Костурица ја добил за време на снимањето на неговиот филм, „Живот је чудо“, па и самиот град е посветен на филмот. Тука се одржува познатиот музички и филмски фестивал „Кустендорф“. Најголемата вредност на Дрвенград е што претставува спој на минатото и сегашноста или како што самиот творед вели, град кој изгледа како во него од секогаш да се живеело, а никогаш не било така. Потоа, се заминува према Мокра Гораи се стигнува до Музејско туристичката железница, „Шарганска осмица“, на која и до ден денешен сообраќа популарниот парни воз „Чира“. Слободно време и враќање во попладневните часови на Златибор.

Вечерта можност за организирање на осмомартовска прослава во зависност од интересот и можностите за рализацијата на истата.

Трет ден 08.03. понеделник
После појадокот, следува одјавување од собите и се упатуваме према градот Чачак, каде се прави пауза за шопинг во трговскиот центар Stop Shop, а потоа продолжуваме кон Врњачка бања, најпознатата бања во Србија. Слободно време за прошетка, шопинг, ручек.

Тргнување према Македонија во вечерните часови.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши или лична карта. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
  • Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.