Зошто да го посетите Кумбургаз и прекрасното Мраморно море?

622

Летото е на самиот праг, а новите ситуации бараат и нови дестинации. Можеби во некоја друга прилика, никогаш не би се сетиле да посетите некои места, па ете една предност плус, откривање на нови интересни летни атракции.

Токму оваа година, местото Кумбургаз во Турција е една од тие дестинации за која сме сигурни дека ќе го привлече вашето внимание. Местото се наоѓа во непосредна близина на градот Истанбул (околу 60ина километри) и распространето е на Мраморното море.

Доколку не сте сигурни дали знаете каде се наоѓа и какво е Мраморното море во продолжение ви претставуваме неколку информации за тоа какво е ова познато море.

Мраморното море е внатрешно море (залив) кое се наоѓа помеѓу Европа и Азија и претставува дел од Евроазиската внатрешна граница. Се смета дека настанало пред околу 2,5 милиони години кога дошло до силни потреси во земјината кора.

Ова море е поврзано со Егејското море преку Дарданели, но и со Босфорот (Цароградскиот пролаз) поврзано е со Црното море.

Површината на Мраморното море изнесува 11.350 350 km². Должината на морето од најсеверноисточната до најјугозападната точка е 280 км, а најголемата широчина изнесува приближно 80 км. Средната длабочина на морето е околу 494 метри, додека најдлабоката точка се наоѓа во центарот на морето и изнесува 1.355 метри. Во близина на крајбрежјето, длабочината е само 50 метри, додека во најдлабоките точки, повеќе од 1300 метри. Морето не замрзнува: во зима температурата на водата на површина е  9°C, а на лето се искачува до 29°C.

Во ова море се наоѓаат две групи на острови попознати под името Принцески острови и островот Мармара. Според второто и самото море го добило името, затоа што на тие острови се наоѓаат богати наоѓалишта на мермер. Освен мермер на овие острови има и гранит. Принцеските острови се наоѓаат во северноисточниот дел од морето во близина на Истанбул и се дел од бројните туристички понуди. Мраморните острови се наоѓаат во југозападниот дел од морето. Покрај познатиот бел мрамор на мраморниот остров се произведуваат вино и маслинки.

Жителите на Истанбул се почесто се одлучуваат своите викенд денови да ги поминат токму крај ова море, кое изобилува со плажи, а најуредено како класично туристичко место е токму Кумбургаз со долга песочна плажа околу 8 километри. Убавите хотели кои имаат и базени со солена вода, како и убаво уредените плажи се токму причината поради која одлучивме да го приближиме ова место до македонските туристи.

Турската гостопримливост, богатата кујна, традициите се само мотив повеќе да се одлучите вашиот одмор да го поминете токму тука.

Во продолжение и нашата понуда за лето 2021 во Кумбургаз и прекрасниот хотел Гранд Голд 4* – ТУКА

Уживајте!