Град кој никогаш не спие, единствен град во светот распостелен на два континента… овие факти со сигурност ќе ве натераат да го посетите единствениот Истанбул…
- Истанбул (антички Byzantium) е основан на Седум брда како Рим
- Тој е единствен град на светот кој се наоѓа на два континента, Европа и Азија.
- Истанбул е еден од најголемите градови на светот со официјално 17 милиони жители, а неофицијално 20 милиони, што е повеќе од жителите на 180 земји во светот, а не е главен град на Турција.
- Сината џамија е единствената во Истанбул со шест минариња, кој е најголемиот број на минариња кои може да се дозволат во една џамија.
- Во моментов има два големи моста што ги поврзуваат Европа и Азија преку Босфорот, а во изградба е третиот
- Постои тунел (метро) кој е изграден под Босфорот, кој ги поврзува Европа и Азија и со тоа транспортот е олеснет за часови со оглед на тоа дека е повеќе милионски град. Во изградба е и втор таков тунел кој ќе биде отворен за сообраќај за моторни возила.
- Во Истанбул има два интернационални аеродрома, еден во Азија, друг на европската страна, а се гради и трет кој ќе биде еден од најголемите во Европа.
- Капали Чаршија е најголемата затворена чаршија на светот со повеќе од 3000 продавници во склоп на чаршијата.
- Аја Софија е најголемата црква во светот која е стара околу 900 години
- Четирите бронзени коњи кои денеска ја красат катедралата Сан Марко во Венеција, се одземени од Истанбул (некогаш Константинопол) од крстоносците во 13-от век.
- На дневно ниво се собираат околу 16 тони ѓубре од општината.
- За време на средните години од Отоманската империја, Истанбул имал повеќе од 1400 јавни тоалети во градот, додека сеуште немало во палатите во Франција и европските градови.
- Агата Кристи го напишала нејзиниот познат роман „Ориент Експрес“ во Пера Палас хотелот во Истанбул