Зошто Италија е толку магична и задолжителна за посета?

9002

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Ако досега не се посакавте да отпатувате тука, тогаш овие факти со сигурност ќе ве разубедат.

  • Името Италија потекнува од зборот „italia„ што значи земја на биковите, бидејќи бикот бил симбол на јужно италијанските племиња.
  • Официјалното име на Италија е Repubblica Italiana.
  • Речиси четири петтини од Италија е или планинско или стрмно земјиште.
  • Италијаните тврдат дека ја научиле Европа како се готви. Тие се „виновни“ за претставувањето на сладоледот во светот (преку Кинезите), кафето и овошните пити. Покрај Французите и Белгијците, тие исто така твдат дека го направиле првиот помфрит. Првиот италијански готвач е напишан во 1474-та година од страна на Бартоломео Сиччи.
  • Италијанскиот волк е неофицијалното национално животно на земјата и има голема улога во легендата за основањето на Рим.
  • Кога се отворил првиот ресторан McDonald’s во 1986-та година, љубителите на традиционална храна пред ресторанот бесплатно делеле шпагети за да ги потсетат луѓето на нивното кулинарско наследство.
  • Пармезанот потекнува од областа околу Парма. Италијаните исто така создале многу други видови на сирења, како горгонзола, моцарела, проволоне и рикота. Никој не знае кога е измислена пицата, но сигурно е дека луѓето од Наполи ја направиле популарна.

  • Има две независни држави во склоп на Италија: Република Сан Марино (25 метри квадратни) и државата Ватикан (само 108.7акри)
  • Ватикан е единствената држава во светот која може да си ги заклучи портите навечер. Има своја телефонска компанија, радио, телевизија, пари и печат. Дури има и своја армија.
  • Авторот на светски познатиот Пинокио, Карло Колуди е Италијанец.
  • Највисокиот врв во Европа се наоѓа во Италија – Монте Бјанко или Бела Планина има 15.771 метри и е дел од Алпите.
  • Главниот град на Италија е Рим (познат како вечниот град) и е речиси 3000 години стар. Тој е главен град од 1871 година и е дом на познатиот Колосеум и фонтана Ди Треви.

  • На годишно ниво речиси 50 милиони туристи ја посетуваат Италија. Туризмот е од витално значење за државата и обезбедува речиси 63% од приходот.
  • Италијаните имаат интересен ритуал кој се одвива пред вечерата и се нарекува passeggiata (вечерна прошетка) и е една од најинтересните и лежерни активности каде тие шетаат по улиците само за да видат и да бидат видени.
  • Фудбалот е најпопуларниот спорт во Италија и познатиот Сан Сиро стадион во Милано има капацитет за 85.000 посетители. Италија го има освоено Светското првенство четири пати (1934, 1938, 1982, and 2006)

  • Фудбалот е донесен во Италија во доцните 1800 години од страна на Британците, но се до 1930 година не бил сфатен сериозно се додека Мусолини не го подигнал на повисоко ниво.
  • Италија е земја која се наоѓа меѓу водечките кога станува збор за модата. Во 1950-те години, Нино Черути и Валентино го однесоа светот на многу поинакво ниво. Тогаш и Армани, Версаче, Гучи и Прада станаа светски препознатливи брендови. Италија е позната и по спортските коли како Ферари и Ламборџини.

  • Првата виолина е појавена во Италија во 1500те години, најверојатно од работилницата на Андреа Амати во Кремона. Овој град подоцна станал дом на Антонио Страдивари, најпознатиот произведувач на виолини во светот.
  • Под влијание на француското знаме е создадено и италијанското пред повеќе стотици години. Знамето е вертикално поделено на три еднакви делови: зелено, бело и црвено, означувајќи надеж, верба и хуманост.

  • Многу неженети деца живеат во својата фамилија дури и до 30-те години, дури и ако имаат работа. За оваа нација фамилијата е срцето на италијанското општество.
  • Арапите ја донеле сувата паста во Италија во 13-от век. Тогаш се јадело со мед и шеќер, додека доматниот сос не бил додаден се до 17-от век. Традиционалниот начин на јадење паста бил со прсти, раката била високот крената, а главата навалена. Пастата традиционално се правела од мајката на домаќинството, која скапоцената техника им ја пренесувала на ќерките.

  • Во централна Италија има фонтана од која 24 часа во денот извира црвено вино. Бесплатна е за секого, освен за оние кои имаат проблем со алкохолот.

МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ОВОЈ ГРАД МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ И ДОЖИВЕЕТЕ ПРЕКУ НАШАТА ТУРА ЗА 11ти ОКТОМВРИ…. ДЕТАЛИТЕ ДОЗНАЈТЕ ГИ ТУКА