Постојат повеќе типови на жени. Ние овојпат ќе се фокусираме на оние кои се авантуристи. За некого можеби е проблем да се биде во врска со девојка чиј живот е посветен на патувањата, но не е се така црно и тоа еве зошто.
Забавувај се со девојка што сака да патува
- Таа секогаш ќе има поубав тен, кожата и е поздрава, нејзината аура е повесела и има блесок во очите.
- Таа не се грижи за материјалното. Неа не и се важни материјалните, туку духовните работи. За неа богатство е да се патува. Не и се потребни скапи подароци, туку се задоволува со мали нешта. Знае да ги препознае и да се соживее со оние кои имаат помалку среќа.
- За неа домот секогаш е местото каде се враќа. И покрај тоа што е гладна за нови дестинации, сепак по одредено време сака да се врати во својот дом и родното место со кое се гордее.
- Таа е девојката која најмногу работи и друга слична на неа не познавате. Таа е подготвена да работи две или три работи за да ги финансита своите авантури. Паметна е и знае дека можно е да најде работа каде патувањето е еден од главните приоритети.
- Со неа никогаш нема да се изгубите и често ќе се изненадувате. Таа ќе ве води низ сосема непознат град, бидејќи има чувство за ориентација, но и сака случајно да се „изгуби“.
- После толку пропуштени летови, лоша проценка на места, доцнења, лоша храна и сместување, нема проблем да се адаптира на секакви услови. Подготвена е за сите предизвици кои ги носи животот. Дури не и е проблем да трпи рчење навечер, зошто секако тоа го доживеала во некој хостел.
- Таа ќе ве поддржи и разбере. Се грижи дека можеби никогаш нема да ја имате истата страст за патување како неа, но секогаш е позитивна и се обидува да најде заеднички јазик.
- Таа е полна со информации за разни култури, општества, сфаќања и однесувања и секогаш ќе воодушеви во друштво со интересните приказни. Навикната е брзо да се спријателува и да започне разговор.
- Таа е независна, паметна и силна. Знае дека штедењето е важно и знае да се држи до буџет.
Затоа треба да се забавувате со „патувачка“ девојка. Придружете и се, нема ништо поубаво.