Белград за Стара нова година

664

Дочекајте ја старата Нова година во срцето на Белград – викенд понуда со едно ноќевање

Белград е главен град на Србија, воедно и нејзин најголем град. Важи за град кој изминатите години се издвои како посебна атракција за туристи, како за оние кои акцент ставаат на културата, музеите и архитектурата, така и за оние кои пред се сакаат да искусат квалитетен и поразличен помин.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Едно ноќевање во хотел 3* со појадок во Белград
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Разглед на Белград
  • Посета на трговски центар Галерија и Београд на води
  • Организација и водство на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Дочек на стара нова година во lounge bar Le Monde со музика во живо (екс ју и забавна музика), шампањ за секоја маса на полноќ и ордевер за секоја маса – 20евра по лице
  • Посета и разглед на Нови Сад – 20 евра по лице

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 69 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 30 евра (редовна цена 40евра), плаќање во автобус, цена на аранжманот без факултативи 89 евра

ПРОГРАМА:

13.01.2024 (сабота) – Скопје – Белград

Собир на групата во 00:30ч пред хотел Континентал, поаѓање за Белград во 01:00ч. Ноќно возење со попатни застанувања за гранични формалности и паузи. Очекувано пристигнување во Белград во утринските часови. Следува панорамски разглед на градот, посета на храмот Света Сава и пешачка тура преку најпознатата улица Кнез Михајлова се до Калемегдан. Слободно време за кафе и индивидуални активности. Во договорено време собир на групата и следува сместување во хотелот (некаде околу 14ч).

Слободно време за одмор, се до 16:30 часот кога се упатуваме кон познатиот Београд на води и трговскиот центар Галерија (еден од најголемите трговски центри во регионот). Слободно време се до 19:30 часот кога се враќаме во хотелот и следува подготовка за дочекот на старата нова година. Околу 21:30ч се упатуваме во најурбаната градска населба Дорчол во центарот на градот, на само 200 метри од Кнез Михајлова во lounge барот Le Monde, каде забавата ќе започне во 22:00 часот. На програмата има жива музика со екс ју хитови и забавна музика, додека на секоја маса ќе има ордевер и шампањ на секоја маса вклучено во цената. Цените на пијалоците и храната во локалот се пристојни и прифатливи. По завршувањето на прославата и забавата околи 01:00 по полноќ, групата се враќа во хотелот каде следува ноќевање.

14.01.2024 (недела) – Нови Сад – Скопје

Утрото по појадокот, следува собир на групата и чек аут од хотелот. Се упатуваме кон Нови Сад, каде следува разглед на градот се до најпознатата знаменитост, Петроварадинската тврдина, една од најголемите и најзачуваните средновековни тврдини во Европа. По разгледот слободно време за кафе или ручек и во договорено време, поаѓање за Скопје. Очекувано пристигнување во доцните часови на 15.01

НАПОМЕНИ:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • ИНФОРМАЦИИ за влез во Србија: Во земјата се патува со валиден пасош или лична карта.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
    Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Го Травел.