За нас

GO Travel е туристичка агенција, основана од вистински вљубеници во туризмот и работата со луѓе. Она што не прави поинакви од другите е што искуството директно на терен со години, е нашата предност. Желбата да им бидеме на располагање на нашите клиенти е тоа што не мотивираше да ја основаме GO Travel. Како организатори на вашите патувања гарантираме најквалитетна услуга и сигурност.

Идејата за GO Travel настана од млади луѓе со желба самите да се организатори и реализатори на вашите патувања. Благодарение на тоа искуство, ветуваме незаборавни моменти. Нашата цел е оваа агенција да биде за сите генераци, но и да станеме ваши пријатели.

Ви ги претставуваме луѓето кои се задолжени за вашето патување да биде на највисоко ниво:

Силвана Јовановска – Основач и CEO
Десет годишното работење на летни и зимски дестинации како островот Крф и Банско, но и останатите дестинации низ Европа: Грција, Турција, Бугарија, Чешка, Австрија, Словачка, Романија, Италија, Србија и многу други е доволен показател за искуството и посветеноста кон оваа професија. Желбата тоа да прерасне во нешто поголемо е резултат на неуморното работење, а токму тоа е причината за постоењето на GO Travel. Силвана е секогаш на располагање за вас, дали во просториите на агенцијата, дали на терен, буквално во секое време. Таа ќе се погрижи да го добиете токму тоа што Ви е потребно и ќе Ве советува како да го одберете вистинското решение за Вашето патување.

Ненад Крстиќ – Генерален менаџер
Зад себе има стаж од 15 години на туристичките пазари во Србија, Словенија и Македонија, како регионален организатор на патувања, но и менаџирање на хотели. Грција, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Австрија, Унгарија, Италија, Романија се само мал дел од дестинациите во Европа кои со години се дел од неговата агенда. Покрај сите овие дестинации, островот Крф е местото каде секое лето цели 5 месеци, посветено и активно се грижи за туристите кои пристигнуваат од целиот Балкан. Како генерален менаџер во GO Travel, неговата мисија е сето тоа искуство да се пренесе на патниците кои нивната доверба ќе ни ја дадат нам.

GO Travel е туристичка агенција основана на 11 ноември 2017-та година, со Лиценца “А” и седиште во Скопје.

info@gotravel.com.mk

02/3110-880
070/338-870

„Народен Фронт“ 19А/локал 35-36
Т.Ц. Беверли Хилс
1000 Скопје
Република Северна Македонија