ГАСТРОНОМСКО ПАТУВАЊЕ

458

ГАСТРОНОМСКО ПАТУВАЊЕ

 ДЕН 1

Собир на групата во утринските часови во зависност од местото на поаѓање Битола или Прилеп.

Патувањето го продолжуваме со посета на Винарија Сари поточно Бутик Винарија на територијата на Р. Македонија добро позната по своите уникатни органски вина со препознатлив вкус кои веќе  три генерации се  во семејството Станоески од Прилеп ,  мал локален бизнис кој настанал пред повеќе од 80 години чии што сопственици се труделе да му пружат на своето вино многу љубов  и стручност да биде што поквалитетно. Сé започнало во далечната 1937, кога прадедото Ѓоше го засадил лозјето во месноста Сарика, во близина на Прилеп па се до ден денес каде што се произведуваат едни од најдобите органски вина во Р. Македонија. Посетата првично ќе ја започниме со посета на lозјата од каде што се бери грозјето и каде подетално ќе го научиме процесот на производство на вино почнувајќи од берење на гроздовите па се до правење на вино и ќе завршиме со дегустација на повеќе сорти на виното Сарика  и мезе со што ќе можеме да уживаме во квалитетот и спојот на вкусовите кои што ги нуди самата винарија.

Нашето патување го продолжуваме кон центарот на Прилеп ( градот познат по тутутот) каде што ќе ги разгледаме многубројните знаменитости почнувајќи една од најпознатите историски знаменитоски за градот Прилеп а тоа е Саат кулата која што датира уште од 1825/26 година, разновидната стара архитектура која што се наоѓа во самиот град како и старата чаршија каде што можеме да купиме разновидни домашни органски производи познати надалеку по својот квалитет како и да вкусиме од познатото прилепско Биено Сирење а после тоа се упатуваме длабоко во чаршијата каде што се наоѓаат мали кафетерии и каде што ќе уживаме во вкусот на  познатото прилепско кафе поточно Македонско/Турско кафе но мелено со наут познато за прилепчани.

По кратката пауза се  упатуваме кон познатиот за Прилеп, Музеј за тутун, посветен на работата животот и производството на тутун што претставува единствен музеј од ваков тип на Балканот и еден од поголемите во Европа. Тука ќе видеме многубројни експонати почнувајќи од  ликовни збирки, фотографии, лулиња па се до традиционални експонати за производство на тутун.

Околу 12 h часови го напуштаме Прилеп и се упатуваме кон Демир Хисар( тука ќе научиме се за пиперките) поточно ќе ја посетиме Моја Бавча мала локална работилница каде што ќе учествуваме во произвоство на храна , односно ќе помагаме во берење на пиперки и овошје(во зависност од условите) па се до производство на разновидни органски оброци од она што сме собрале , ќе имаме мала работилница со правење на ручек, правење џем , ајвар и сл па на крајот сето тоа ќе го дегустираме и зачиниме со вино, ракија или сок- сето тоа направено од домашно производство.

После Мојата Бавча се упатуваме кон Дихово ,поточно Вила Дихово каде што ќе го понудиме и првото ноќевања    ( вилата е направена во традиционален стил за чиј што има добиено многубројни награди и сертификати и е на мапата  на Lonely Planet како една од must 100 дестинации во светот што треба да се посетат. Тука ќе уживаме во преубавиот  двор на вилата а за вечера ќе имаме уникатна традиционална вечер по избор со запален логорски оган и  традиционални јадења направени  се од домашно сопствено органско производство зачинето со тивка музика и преубав поглед на звездите а и на Битола.  Ноќевање

Ден 2. Појадок ( појадок приготвен од сопствено производство органско потекло) за кој што појадок можеме и самите да учествуваме во приготвување на истиот.Традиционален појадок за овој регион како питулици, ајвар, сирење, јајца и сл.

После појадок се упатуваме во визбите на вилата каде што стигнуваме до познатата Винарија на вила Дихово           ( тука сопственикот ќе ни објасни за многубројните сорти на вино кои што ги имаат ) и начинот на нивно производство и на чување ( нешто што е многу поразлично од останатите винарии) со што на крајот ќе ја имаме и можноста да дегустираме од истите. Слободно време за кафе и за уживање во природата .

По паузата се упатуваме повторно во Битола но на другата страна или поточно во регионот на село Буково. Овде ќе бидеме пречекани од нашите домаќини преку организацијатата SLOW FOOD кои што ќе не пречекаат  со селско лепче и пипер (со додадено масло сол и нане) + вода/растворен сок и ќе не научат на историјата за пиперката и за Буковската Пипер а подоцна ќе дознаеме и ќе имаме  можност сами да подготвиме Буковска Пипер почнувајќи од тоа како се суши пиперката па се до сечкање, толчење  и на крајот нормално следува дегустацијата со еден преубав традиционален ручек направен пред нашите очи а тоа би било тавче гравче, компир-пиперка, печени пиперки, макало и сл.

Во пладневните часови веќе се упатуваме кон самата Битола да прошетаме по широк сокак но најпрво ја посетуваме  Хераклеа Линкестис-   Археолошки локалитет   еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт. ( тука ќе ги разгледаме остатоците од некогашниот антички град како Римската Бања, театарот каде што и во денешно време се организираат многубројни концерти и претстави-познат по уникатната акустика, Базилика, спископската резиденција и многубјоните мозаици.)

По разгледот на Хераклеа веќе  одиме во посета на Пивара Бакревски ( нешто ново но веќе познато за Битолчани) Познато Битолско Пиво од сопствено производство .Тука ќе научиме се за процесот за правење на пиво ( за типовите на пиво) и на крајот преубава дегустација на истото и овој ден ќе го завршиме со посета на Широк Сокак и слободно време за пиење на познатото Битолско кафе во едно од познатите кафулиња. После паузата се упатуваме во нашето сместување Вила Дајмонд само на 20 тина метри од Широк Сокак до познатата Саат Кула ( една од најголемите знаменитости за Битола направен уште во 1830 година за чија што изработка биле употребени околу 60000 јајца од сите околни села за да изработат малтер).

Слободно време за индивидуални прошетки и разглед на широк сокак. Ноќевање

Ден 3. Појадок. 3 Ден ја истражуваме  Преспа но пред поаѓањето не смееме да заборавиме на старата Битолска Чаршија каде што со локалниот водич ќе ја прошетаме чаршијата ( тука ќе посетиме неколку занаетчии кои што до ден денес го негуваат својот занает и ќе ни кажат нешто повеќе за историјата на чаршијата ) а нема  да го  заборавиме ни на утринското кафе кое што ќе го пиеме во Кафе Бар чаршија (автентичен Кафе Бар- ) во срцето на чаршијата кој што ке не потсети на убавините и на историјата на Битола и на минатото.

Околу 11 часот поаѓаме за Преспа каде што ќе бидеме пречакани од нашите домаќини од организацијата за развој на Алтернативен туризам во с. Љубојно. ( тука ке имаме мала обиколка на селата љубојно и Брајчино)  и потоа се  упатуваме во домот на нашите домаќини за да научиме нешто за нивните традиционални јадење и да помогниме во подготовката на нашиот ручек. Почнувајќи од берење на зеленчук и овошки па се до подготовка на главното јадење зелници (со праз, сирење, и сл.), печива, млецници, тури – печи (ѓомлезе), питулици (со лук и сирење, со шеќер и ореви), тавче гравче, циронки, свежа риба, свежи печурки, ајвар,ќофтенца (праз, кромид)домашен колбас(праз кромид),домашно сирење,пиперки ,летна манџа,лутенка и сл. Ќе видеме и научиме како се произведува и приорен сок од јаболка нешто многу битно за овој регион ( а во зависност од временските услови ручекот можеме да го вкусиме во некоја локална ливада , на плажа или под јаболковите сенки) .

Во пладневните часови веќе се  упатуваме кон Р. Албанија со попатна посета на Глобочани и музејот на Стерјо Спасе еден од најзначајните претставници на современата албанска литература но од Македонско потекло.

Патувањето го продолжуваме кон Корча каде што се сместуваме во Хотел. Во вечерните часови се упатуваме кон регионалниот центар готвење Drejtoria Rajonale e Formimit Profesional Publik Korçë каде што овој пат ќе учиме нешто повеќе за Албанската кујна поточно ќе учиме како се подготвува храна под  сач, како се прават традиционални питулици и слично и сето тоа на крајот самите ќе го дегустираме тс. Вечераме . Сместување во Хотелот и ноќевање.

Ден 4. Појадок . После Појадококот се упатуваме кон разглед на градот  за да ги запознаеме убавините и историјата што ја има градот како и старата чаршија. Нашето патување ќе не однесе до волшебнота  Корча, кое стана важен трговски и занаетчиски центар во 18 век поради развој на трговијата со соседните региони со векови важен религиозен центар за православните христијани и муслимани, ќе го запознаеме ‘‘ малиот Париз на Албанија ”по тесни улички, обоени згради, убави кафулиња и мали бутици и ќе уживаме во посета на православната катедрала и џамијата Мирахори за на крајот да пиеме едно традиционално кафе во старата чаршија на Корча во едно мало локално кафуле.

Околу 11 часот веќе поаѓаме за Општина Пустец позната по големиот број на македонско население кое што живее тука. Тука ќе го поминеме нашиот ден,  првично почнувајќи со разглед на општината поточно на селата припаѓаат на  оваа  општина, Глобочани, Пустец, Горица. Тука малку повеќе ќе научиме за традицијата на населението за нивните печалбарски денови како и за она  со што тие денес се занимаваат и работат во околината. Тука ќе им помогнеме во берење на чај, зеленчук, овошје ( во зависност од условите) ќе ни кажат за нивните традиционални јадења и рецепти како и за нивното секојдневие  како тие ораат ниви ( со плуг и магариња),  дека не користат современа механизација,  ќе им помогнеме во берење на свежи јајца и ќе ни покажат како прават свое домашно сирење, ќе пробаме да молзиме крава и да пробаме свежо кравјо млеко, на крајот ќе пробаме од нивното домашно вино или ракија и ќе посетиме една мала локална фарма за пчели чиј што сопственик ќе ни каже како го собира медот од пчелите и како се произведува мед за се на крајот на дегустираме.

После обиколката ќе се упатиме во селото Горица на самиот брег на Преспанското Езеро  а тука ќе се запознаеме со начинот на  ловење риба во раните утриснки часови. Ќе учествуваме во процесот на подготовка на истата а вистинско задволство за љубителите на риба ќе биде  дегистација на свежа преспанска риба ( наша препорака би бил Преспанскиот крап).Сето тоа со по една чашка домашно бело вино и  за на крај да се напиеме и едно традиционално македонско кафе. Во попладневните часови поагаме за Р. Македонија со што со тоа го завршуваме нашето Гурманско патување

Вкупно : 299 Евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Посета и дегустација на вино во Винарија Сари
  • Посета и влезница во Музејот за Тутун
  • Посета на работилницата Моја Бавча во Демир Хисар
  • 1 Ноќевање со појадок во Вила Дихово
  • Дегустација на вино и начин на прозиводство во Винарија на в. Дихово
  • Посета и дегустација на пиво во Пивара Бакревски
  • Локален Водич во Битола
  • Посета и ручек на работилницата Буковска пипер
  • Посета и влезница за Археолошкиот Локалитет Хераклеа Битола
  • 1 Ноќевање со појадок во Вила Дајмонд  ( или слична во зависност од расположливоста)
  • Работилница во с. Љубојно и Ручек
  • 1 Ноќевање со појадок во Хотел Hani I Pazarit Или традиционална Guest House (во зависност од големината на групата и расположливоста)
  • Посета на работилница за готвење за Албански традиционални јадења
  • Посета на општина Пустец и Ручек во село Горица
  • Автобуски превоз на горенаведената релација

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Кафе паузи, Ручек,  Вечера
  • Влезници за Не Горенаведените Локалитети.

Напомена:

-Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба
-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

1евро  = 62 МКД

Ова патување е препорачливо за сите заинтересирани без разлика на нивната возраст