Празнична магија во Загреб

453

Звуци на божиќни ѕвончиња, мирис на медењаци, варено вино и разни колачи… Доволно е само да се препуштите на уживањето! Загреб во адвентското време нуди голем број случувања и манифестации кои ќе го задоволат вкусот и на најпребрливите посетители. Забава, добра храна, уникатни случувања, уметност, но и вистинско празнично уживање ве чекаат на улиците од главниот град.“

1 ден:  Македонија – Загреб (06.12.2024)
Состанок на групата пред спортска сала во 17:00 часот. Заминување во 17:30 часот од Битола, попатнo застанување во Прилеп (бензиска Лук Оил), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници. Попатни одмори и царински формалности преку граничен премин Табановце.

2 ден: Загреб (07.12.2024)
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Сместување во хотел доколку има слободни соби, во спротивно сместувањето според правилата на check in ќе биде после 14 часот. Следува панорамско разгледување на градот со локален водич, културно-историските знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак итн…По разгледот сместување во хотел. Слободно време за индивидуални актиновсти и прошетки низ Божиќните маркети кои се наоѓаат во самиот центар. Уживајте во магијата на предновогодишните и божиќните празници. Ноќевање.

3 ден: Загреб-Ријека-Опатија (08.12.2024)
Појадок.
 По појадокот во договор со водичот поаѓање према Ријека и Опатија.
Ријека е град со идеална географска положба, во Риечкиот залив, дел од поголемиот Кварнерски залив на Јадранското Море. Град во кој низ историјата, архитектите од минатото и на австро-унгарскиот архитектонски стил, оставиле печат, за постепено градот да се претвори во удобен средновековен европски град, со космополитски мирис и вкус. Духот на минатото испреплетен со современите вредности Ве оставаат без здив во секое време од годината. Следува разглед и слободно време за прошетки. По разгледите се поаѓа за Опатија кое е едно од местата со најдолга традиција на туризам во цела Европа. Опатија е град во кој можете целосно да се опуштите и да се поврзете со природата, но и да јадете нешто посебно добро бидејќи гастрономијата во Опатија има добра репутација. Слободно време за прошетки. Потоа се враќаме во Загреб. Ноќевање.

4 ден: Загреб – Македонија (09.12.2024)
Појадок. По појадокот oдјавување од хотел и заминување за Македонија. Попатни паузи и царински формалности до Македонија. Пристигнување во вечерните часови или раните утрински часови на 10.12.2024.

Промо цена  – 199 еу , за резервации до 05.11, Редовна цена на аранжманот: 229

Доплата за еднокреветна +60 еу

Во цената е вклучено

  • Сместување во хотел во Загреб (околина) / 2 ноќевања со појадок
  • Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
  • Посета на Christmas market
  • Tуристички придружник за време на целото патување
  • Разглед на Загреб со локален водич

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување задолжително (Информации во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус
  • Факултатива Ријека – Опатија – 40 еу со локален водич

Важно:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош, да не биде 3 месеци пред истек.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.