Дали Јонското море е постудено од Егејското?

3680

Прашањето кое нашите туристи често го поставуваат кога прават избор на дестинација за летување во Грција е „Дали Јонското море е постудено од Егејското“, а тоа пак потполно е слично со познатото прашање „Дали е постара кокошката или јајцето“.

Доколку ова прашање го поставите на поголем број туристи ќе добиете сосема различни одговори:„Водата во Јонското море е постудена“, „Јонското море воопшто не е студено како што се зборува“, „За мене Јонското море е потопло од Егејското“, „Малку е постудено но разликата е незабележителна“ итн…

Врз температурата на морето влијаат повеќе фактори: временската доба на годината, температурата на воздухот, количината на сончевите зраци, аголот под кој сончевите зраци ја загреваат некоја област, должина на траењето на сончевите зраци, длабочината на водата, силата на морските струи, па дури и присуство на слатководните извори.

Морето се загрева постепено и значително побавно од воздухот, а исто така и се лади. Затоа во Грција морето својата највисока температура (26- 27 Ц) ја добива во втората половина од август и првите денови од септември. Родос и Крит се сметаат за острови на Грција со најтопло море.

Според некои истражувања водата на морето во Лефкада во текот на август и септември е околу 2 Целзиусови степени потопла од што на Крф, додека пак во  јуни и јули е идентична.

Фактите покажуваат дека Егејското море за време на летото навистина има повисока температура од Јонското меѓутоа тие разлики навистина не се воопшто драстични затоа што станува збор за разлика од 1- 2 Целзиусови степени.

Но, за кое море и да се одлучите да го поминете Вашиот летен одмор сигурни сме дека нема да зажалите, затоа што морето, солта, сончевите зраци се подобри од која било терапија, го лекуваат стресот и едноставно ве тераат да заборавите на секојдневието. Уживајте!