Топ 5 плажи на грчките острови

1743

Грција е позната по многу нешта, културата, традицијата, фасцинантната и комплексна историја, приказните за античките ликови и херои и секако неверојатните плажи.
Со илјадници острови и различно крајбрежје, брегот на Грција е 11-ти најголем во светот. Иако е сосема невозможно да се објасни колку се неверојатни грчките плажи со зборови, сепак ние ќе се обидеме да ви претставиме пет грчки плажи од островите кои ќе ви го одземат здивот.

НАВАГИО, Занте – Закинтос

Најверојатно една од најпопуларните плажи во Грција, овој затскриен бисер се наоѓа на островот Закинтос. Опкруженa со стрмни рабови од карпите, достапни само преку брод, Навагио му ја должи својата репутација на бродот на шверцери кои го откриле местото во почетокот на 20 век и сега светот ужива во беспрекорниот песочен брег. Прекрасно место да го поминете денот, многу туристички компании нудат забави на бродовите кои застануваат на плажата; додавајќи малку возбуда за оние сакаат малку повеќе релаксирачко попладне за сончање.

ПАЛЕОКАСТРИЦА, КРФ

Кога ќе помислите на Грција на разгледница, тогаш помислете на Палеокастрица. Оваа прекрасна плажа претставува се што е фантастично за Крф, тиркизното море, златниот песок и живописните пристаништа испреплетени по должината на брегот. Оттука можете да одите на екскурзии со брод и да ги истражувате пештерите покрај брегот. Главното село е опкружено со традиционални таверни. Тука е и манастирот на Богородица, сместен на врвот на ридот. Главната плажа на Палеокастрица е претежно мала, но позната по својата екстремно ладна вода и прекрасно опкружување. Затоа се смета за една од најубавите плажи во Грција.

RED BEACH, САНТОРИНИ 

Основана на вулканскиот остров Санторини, Red Beach докажува дека белиот песок не е неопходен за плажата да биде неверојатно квалитетна. Покриен со црвени камчиња и поддржан од високи црвени ридови, можете да погодите како оваа плажа го добила свое име. Прекрасно и мирно место за одмор, тоа е уникатно поставен амбиент, што го прави место каде што едноставно треба да го доживеете при посетата на Грција.

ЕЛАФОНИСИ ПЛАЖА, КРИТ

Плажата Елафониси, со розеникаво бел песок и туркизна боја на морето спаѓа во оваа категорија. Заборавете го златното крајбрежје на Австралија или бреговите на Тајланд, ако вистински сакате тропска плажа, одете токму тука на островот Крит. Најоддалечен од сите острови, на јужниот дел, се наоѓа островот Крит, кој може да се пофали со неверојатна природа, но никој не е сличен како овој. Долга, мека, бела песочна плажа. Нејзините крајбрежни води се многу плитки и го имаат истиот свилен песок кој се потпира под површината; совршено за да се играте со нозете. Кога сонцето сјае, водата е нежна и примамлива бело сина. Овде, ќе најдете лежалки и чадори на работ на водата. На место како ова, ќе ви биде простено што мислите дека се наоѓате на Бахамите.

ЕГРЕМНИ, ЛЕФКАДА

Ќе најдете безброј плажи во Грција со името „рај“, но за навистина да го пробате рајот ќе треба да се упатите кон местото Егремни на островот Лефкада. Со долгиот крајбрежен брег, поддржан од високите врвови и белите карпи, Егремни е одличен пример за совршен традиционален грчки рецепт за плажа. Земете чист бел песок мек на нозете, додадете тиркизна медитеранска вода, чиста и пријатна. Измешајте заедно со прекрасни камени формации и надвиснати дрвја, а потоа завршете со прекрасното зајдисонце. Резултатот? Една прекрасна плажа Егремни.