Вила Мариа

1398

 Вила “Maria” се наоѓа во центарот на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на развлекување на I и II кат. Сите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници…

НАПОМЕНА

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.
  • Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување.